Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден версус Трамп: Битка за демократските вредности наспроти лагите и заканите – кој ќе победи?

0
By Xhabir Deralla on June 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Точно е. Бајден беше неконзистентен, конфузен, лошо ги формулираше мислите и на моменти имаше проблем да заврши реченица. Накратко, неговите перформанси беа полоши отколку било кога порано. Длабоко разочарувачки и шокантно – се меѓу најчестите оценки на настапот на Џо Бајден во дуелот со Доналд Трамп на 28 јуни во Џорџија (видео линк до дебатата).

Демократите ги опфати паника веќе во десеттата минута од дебатата. Можев да го насетам тоа во моите преписки со неколку поддржувачи на Бајден во САД во текот на дебатата. „Демократите во паника“ беше еден од најчесто повторуваните кајрони на ТВ анализите и дебатите што уследија веднаш по дуелот вечерта и траат веќе трет ден кога го пишувам ова. Патем, без сомнение, овој дуел е планетарен медиумско-политички спектакл од прв ред, а тоа Американците најдобро знаат како да го претстават. А има и зошто.

Да се вратам на реакцијата на Демократите. Веќе во текот на дуелот Бајден-Трамп, почна дебата меѓу нив за компетентноста на Бајден да остане кандидат за најпрестижната функција во светот. Неговиот статус, како што почнаа да најавуваат дел од оперативците на партијата, може (и треба, велат) да се преиспита на конвенцијата на Демократите во Чикаго во август. Во лондонски Гардијан прочитав дека Њујорк Тајмс во својот едиторијал е првиот американски весник што го повика Бајден да се повлече од претседателската трка (и со тоа ми ја потврдија исправноста на одлуката да ја прекинам претплатата). Трампистите и медиумите под нивно влијание не можеа да добијат подобар подарок од овој.

Очајот и паниката беа најсоодветен опис на „менталната состојба“ на партијата и на бројни поддржувачи на Бајден – толку својствено за демократите не само во Америка. Во часовите и деновите што следеа, еден дел од нив продолжија со кукање, други релативно брзо се созедоа, но имаше и такви што го доживеаја ова како аларм за будење од долгата демократска дремка. Дека не треба само да седат во удобната сенка на „прогресивната“ самодоволност, туку дека треба да дадат вистинска поддршка за својот претседател и за демократските вредности.

И навистина, тоа беше неуспешен настап на Бајден. Тоа може да се случи секому, а децениската историја на ТВ дуели покажува дека сите кандидати за реизбор имале лош прв дебатен настап и – победиле. Тоа му се случи дури и на Обама, кој е маестрален говорник.

„Се случуваат лоши дебатни ноќи. Верувајте ми, самиот знам. Но, овие избори сепак се избор меѓу некој кој цел живот се борел за обичните луѓе и некој кој се грижи само за себе. Помеѓу некој што ја кажува вистината; кој разликува добро од зло и ќе му го пружи тоа на американскиот народ – и некој што лаже штом зине за своја корист. Минатата ноќ не го промени тоа, и затоа е толку голем влогот во ноември“, напиша поранешниот претседател Барак Обама.

Својата виталност и бистрина Бајден ја покажа веќе еден ден по телевизискиот дебакл, на собирот во Северна Каролина, каде што одржа енергичен и жесток говор.

„Веќе не одам толку лесно како порано… Не дебатирам толку добро како порано… Но, го знам тоа што го знам, знам како да ја кажам вистината и знам како да ја работам оваа работа… Имам намера да победам на овие избори… Кога ќе те соборат, стануваш и се исправаш!“, рече Бајден, покажувајќи ја сета своја виталност и борбеност (линк до видео).

Што се однесува до самиот ТВ дуел, видовме како изгледа кога ќе се судри еден грубијан со застрашувачки и радикални ставови, некој што мисли само на себе и бесрамно лаже – со човек кој се бори за демократски вредности, во мандатот зад себе остава безброј добри одлуки (и по некоја лоша, неизбежно), а Америка ја искачи и ја задржа на врвот на светот.

И без оглед на заслужените ниски оценки за настапот, Бајден успеа да упати и неколку силни удари против својот разгоропаден опонент и го разобличи повеќе пати, со цврсти аргументи и заслужено остри квалификации за Трамп (губитник, плачко, криминалец…). Бајден го тресна Трамп од земја кога го обвини дека имал секс со порно ѕвезда додека сопругата му била бремена. Трамп на тоа одговори „Не сум имал секс со порно ѕвезда“ и го изнасмеа светот (линк до видео).

Сепак, Бајден во повеќе наврати пропушти да му одговори соодветно, иако Трамп беше на бришан простор, со голи лаги и со застрашувачки, целосно антидемократски ставови, лесни за разобличување. Но тоа беше нерамна битка во многу нешта – груби и агресивни лаги и обвинувања против разумот и фактите.

Ако Трамп ви каже дека милиони (мигранти) криминалци, терористи и пациенти во ментални болници ја преминале јужната границата, ги крадат работните места, убиваат луѓе и силуваат жени – каков одговор треба да дадете? А публиката – дали треба да се шокира од Трамп и да го осуди или треба да го распне Бајден кој не успеа да се изрази доволно добро и затоа што „погледот му бил залутан“?

Дебатата траеше 90 минути, од кои на учесниците им припаднаа по околу 40. За тоа време, Трамп кажа најмалку 30 лаги, по една на секоја минута и нешто. Што треба да значи тоа? Дека, ако Бајден не успеал да одговори доволно добро – треба да се повлече од претседателската трка или дека разумните луѓе треба да се загрижат и да се активираат во борбата против лагите и заканите од Трамп?

Изборната битка меѓу Бајден и Трамп треба да остане запаметена како одлична илустрација за тоа каде заминал светот – каде што успехот на политичарот се оценува според тоа колку е физички издржив, нападен и груб, а не според вредностите и политиките што ги застапува и спроведува.

Знаете дека темата овде не е само изборниот натпревар Бајден-Трамп, нели?


ЦИВИЛ МЕДИА Текстот е личен став на Авторот.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.