Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бакрачевски:Распореден сум каде што не можам најмногу да помогнам

0
By Менче Атанасова Точи on November 15, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бакрачевски изјави дека ќе ја почитува одлуката на директорката која по систематизација го распоредила за раководител на одделот за аритмија. Но смета дека треба да работи таму каде што може најмногу да помогне како интервентен кардиолог

На Никола Бакрачевски, поранешниот градоначалник на Охрид  денеска му бил одземен и кабинетот, односно работната соба со која располагал како лекар во Заводот за кардиологија во Охрид. Ова за НОВА го потврди Бакрачевски кој потенцира дека ова e направено тенденциозно, исто како и неговото назначување на друг оддел кој не соодвествува со неговата стручност како интервентен кардиолог. Тој смета дека зад ова не стои партијата СДСМ, туку поранешен директор на Заводот, сега пензионер кој котира високо во партијата.

„Денеска ми беше одземена и работна соба, а претходно од таму ми се одземени компјутерот и принтерот. Вистината е дека сум распореден како раководител на одделот за аритмија, но јас како интервентен кардиолог најмногу можам да помогнам таму каде што сум најстручен. Сето ова е тенденциозно направено, но  зад ова не стои СДСМ туку поранешен директор, сега пензионер и висок партиски активист кој е секој ден присутен во Заводот“, изјави за НОВА Бакрачевски.

„Тој нагласи дека нема да се противи на одлуката на директорката да работи на одделот за аритмии и ќе ја почитува оваа одлука. Бакрачевски објаснува дека откако ја напушти градоначалничката фотелја земал една недела одмор и вчера на првиот работен ден разбрал дека по систематизација е распореден за раководител на одделот за аритмии што не одговара за неговата стручност.

„Ја сум основач на интервентната кардиологија и очекувам да бидам таму. Сепак, не можам да се мешам во одлуката на директорката и јас како професионалец ќе ја почитувам. На утринскиот состанок не ми беше прецизирано што ќе работам и дали ќе работам интервенции за кои сум стручен“, рече Бакрачевски.

Тој нагласи дека освен него оваа процедура ја работат уште тројца лекари, еден кардиолог и двајца интернисти кои одлично си ја знаат работата, но се негови ученици. Со интервентната кардиологија започна пред 11 години, веднаш откако почна да се работи на Клиниката за кардиологија во Скопје.

Директорката на Заводот за кариологија во Охрид, Гордана Донева не беше достапна да одговори што се случува и дали планира доктор Бакрачевски да го вклучи во тимот кои работи интервентна кардиологија.

Денеска таму била испратена екипа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да испитаат што се случува и дали е прекршен законот.

„Констатирано  е дека докторот е распределен  на оддел за аритмија кој што одговара на неговата стручност и дека нема повреди на законот во однос на неговото распоредување. Сепак, од дневникот на Заводот забележавме дека Бакрачевски вчера вршел коронарографија на пациент и никој не му го забранил тоа“, изјави за НОВА Ирина Сотирова Бухова директорка на ДСЗИ.

 Таа нагласи дека утре  продолжува инспекцискиот надзор и за останатите вработени дали се распоредени според нивната стручна подготовка за да се расчистат шпекулациите кои кружат во јавноста.

 

 

Бакрачевски лекар систематизација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.