Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Балансот на лагата со вистината не е новинарство

0
By Нова ТВ on May 23, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новинарите се обучени професионалци кои се должни под дрво и под камен да ја бараат и анализираат вистината, а не да ја балансираат со лагата.

Не мора многу да се опишува што е медиумски баланс. Балансот е насекаде во македонското општество, тој во моментот е омилениот збор на голем број новинари, уредници, медиумски организации, па дури и амбасадори. Сите заедно во професионален занес, често повикуваат на новинарскиот идеал – балансот, а некои дури и гордо се фалат со истиот, како свое врвно достигнување во новинарството и медиумите. Единствено гледачите и читателите, како главни примачи на балансот, никако да ги почувствуваат неговите придобивки. Најверојатно затоа што таквите речиси не постојат.

Балансот во новинарството едноставно не постои. Во медиумите може да се разговара за баланс, единствено како дадено време од одреден медиум на партиите или други интересни групи. На пример, доколку една телевизија дала простор за ВМРО-ДПМНЕ од три часа во една недела, додека за СДСМ само 10 минути, во таа смисла може да се каже дека оваа телевизија е небалансирана. Не дала ни одблиску ист простор на владејачката и главната опозициска партија и со тоа влијаела на пристапот до информација за активностите на една од главните партии во земјата.

Она што постои во новинарството се професионалноста, фер третманот и непристрасноста. Но не и непристрасност кон фактите и вистината. Постои давањето простор за оној кој е обвинет од некого, исто така да се изјасни, доколку сака, популарно наречено, втората страна.

Да се заговара баланс во новинарски прилози или пак дебати, во кои се даваат пет минути за фашистите и пет за Евреите, не е новинарска обврска, туку морален криминал и срам за новинарската професија.

Она со кое што ние се занимаваме сега, за жал за американските научници се примери од 1890-тата. За комуникологот Дејвид Миндик, покривањето на американските весници на линчувањето на илјадници Афроамериканци во овој период, за несреќа, било балансирано.

Новинските прилози од периодот, често ги опишувале бесењето и осакатувањето на луѓето од расистичките толпи. Под режимот на објективноста и балансираноста, новинарите често ги балансирале овие случки, со тоа што ги реконструирале наводните провокации од жртвите кои можеби го провоцирале линчот на толпата. Во медиумите дале ист простор на агресорот и жртвата, во име на балансот. Миндик критикува дека ваквата практика имала ефект на нормализирање на линчот.

Но во 21-от век, лажно наречените аналитичари или луѓе кои во јавноста шират говор на омраза, заговараат и провоцираат атмосфера на конфликт и насилство не се луѓе со кои се дебатира. Не се луѓе од кои се зема изјава за вашата анализа да биде балансирана, изедначувајќи ја со нечиј аргументиран став на долгогодишен професор или професионалец. Која е стручноста на овие луѓе, најчесто популарно наречени провладини аналитичари, кои се нивните биографии? Тоа се подметнати „аналитичари“, кои треба да го изедначат апсурдот со аргументот и да ја збунат јавноста, која треба да се сомнева дали небото е плаво, зошто и онака сите се исти.

Во целиот свет постојат луѓе кои тврдат дека земјата е рамна, дека холокаустот не се случил, дека трагите од авионите на небото се заговор со кој светските сили ги трујат луѓето, дека не треба да се вакцинираме или во нашиот случај дека треба да се направи финална пресметка со сите „соросоиди“, предавници, платеници, демонстранти, СДСМ-овци, ЛГБТИ луѓе итн.

Но во светот, барем не во демократскиот, овие луѓе не добиваат „прајм тајм“ на ТВ да го шират својот фашизам или својата лудост, туку се игнорираат и изолираат од општеството, или евентуално си имаат работа со законот. Тоа се луѓе како татко и на Ле Пен во Франција од кого дури и сопствената ќерка е приморана да се дистанцира, ако сака поголема поддршка од јавноста. Во Америка луѓето со качулки од ККК не ги викаат да дебатираат со Афроамериканци на CNN, им викаат полиција.

Новинари, уредници и невладини организации да не ги разбираат овие цивилизациски правила на една еволуција во дебатата и општествените односи е вистинска трагедија.

Ако се прави емисија за економија, да биде викната да дебатира долгогодишна професорка со надалеку прочуен лидер на контрадемонстранти на пример, не е баланс. Тоа е навреда за интелигенцијата.

Или како што вели американскиот новинар и коментатор Боб Гарфилд во една своја колумна за британски Гардијан, насловена „Лажната еквивалентност: Како „балансот“ ги прави медиумите опасно глупави“ – новинарите треба да бидат непристрасни, но не и без мозок!

Тој потенцира дека лажната балансираност – практиката на давање на рамноправен пристап во медиумското време и простор на очигледно невалидни позиции за доброто на т.н. балансирана рамнотежа во известувањето е нечесно , штетно и кукавички.

„Прашање: Зошто е толку тешко да се повика срањето, како срање?“, прашува тој во неговата колумна, алудирајќи на мрзливоста на одредени новинари кои дозволиле во нивните емисии „лажговци и морони“ (негови зборови) да добијат третман како да се сериозни аналитичари.

Случајот е ист како кај нас, па зошто некој новинарски професионалец би поминувал денови во анализирање на документи, факти, информации сам/а, без експерти? Па зарем не е најлесно да се направи „анализа“ или прилогче со еден про-опозициски и еден провладин аналитичар, и толку за денес. Светиот баланс е задоволен, но јавниот интерес за жал не!

Затоа драги колеги да престанеме да балансираме, и да почнеме да размислуваме. Да размислуваме на кого му даваме простор во нашите анализи, дебати и прилози, ние имаме целосно право, па дури и обврска на тоа. Новинарите се обучени професионалци кои се должни под дрво и под камен да ја бараат и анализираат вистината, а не да ја балансираат со лагата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.