Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Балкан Барометар: Две третини Балканци го вртат грбот на минатото

0
By Ivana on June 30, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Есента 1999 година во Надворешно-политичката редакција на МТВ, стигна покана за двајца новинари кои би учествувале на семинар во Сараево за проучување и спроведување на ББЦ стандардите во новинарските производи.

Тогашниот уреднички тим без размислување ја ,,зграби“ можноста. Еден од новинарите што беше упатен на тој семинар бев и јас. А, покрај од Македонија, на семинарот имаше новинари од Словенија, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија и чинам од Бугарија и Романија.

Кај новинарите од Србија, кај тие од Босна и Херцеговина како и кај новинарот од Косово, сеуште беа присутни силни емоции од бомбардирањето на Србија кое се случуваше пред само неколку месеци, од бегалската криза на Косово, од војната во БиХ која заврши пред 4 години и која беше оквалификувана како најстрашниот геноцид кој се случил на тлото на Европа по Втората светска војна.

Тоа беше време кога на внатрешните граници во Балканот немаше фреквенција на луѓе и добра, речиси никакви сообраќајни конекции за брзо да се стигне на крајната цел, сите сеуште се гледаа низ ,,орозот“ на омразата а недовербата беше силно изразена.

Но, зошто го пишувам ова, ќе се запрашате, секако не поради наплив на емоции или сентименти за историјата, туку поради она што го слушнав таму од петмината тренери кои доаѓаа од Финска, Данска, Велика Британија и од Организацијата на Обединетите Нации, дека колку и да ни се чини во тој период неверојатно, Балканот повторно ќе се интегрира во заедница слична на екс Југословенската, но врз економски приниципи и минус Словенија и Хрватска а плус Албанија и Косово како посебна држава.

Не интервјуираа до која мера нам ни се чини тоа реално остварливо, па дали го посакуваме тоа, дали веруваме и би работеле на можноста повторно регионот да заживее но, како што споменав и погоре врз сосема нови вредносни принципи главно дизајнирани врз економските начела, дека отсуството на јазичната бариера за комуникација е добра основа за развој во тој правец.И, еве го тоа време! Западен Балкан е во фокусот на Меѓународната заедница повторно но, овој пат за негово обединување за ,,закопување“ на воените секири, за враќање на довербата, за вртење кон иднината зашто и овде на овие простори има се помалку слушатели за историјата.

Се заговара нов Шенген, кој е во основа на Американскиот договор за регионот и кој не е алтернатива за ЕУ но е за побрза интеграција на континентот.

Ние како генерација која го доживеа распадот на една државна творба, воените конфликти, бегалските кризи, уништената економија и неизвесноста што сето тоа ја носи со себе, да, веруваме дека само во соработката и меѓусебното почитување може да се очекува напредок, а за тоа говори и последната таканаречена анкета ,,Балкан Барометар“ спроведена од Советот за Регионална Соработка со седиште во Сараево, институција произлезена од поранешниот Пакт за стабилност, а во чија анкета објавена деновиве, се опфатени 6.000 граѓани од регионот и без малку 2.000 бизнисмени и компании.

Високи 77% од населените на Западен Балкан ја поддржува регионалната соработка и нејзината улога во подобрувањето на политичките, економските и состојбата во домашните економии.За 69% од бизнисите на Балканот важен е квалитетот на регионалната соработка.

Поддршката за членство во ЕУ на ниво на регион годинава изнесува 62% за разлика од лани кога процентот бил 59%. 1/4 од населението верува во пристапување во ЕУ до 2025 а 22% проценти не веруваат дека тоа би се случило било кога.36% размислуваат да емигрираат од регионот доколку за тоа би имале прилика.

Срамежливо но сепак раст за 2% од лани е тенденцијата на верба дека годинава работниците би ги задржале своите работни места.Граѓаните очекуваат подобар стандард и пораст на кавлитетот на живеење, како заканувачки фактори не гледаат во евентуално нови конфликти туку во сеуште силно присутната корупција и организиран криминал.

Иницијативите како Западен Балкан без роаминг кој стартува од утре како и за патување без лични карти која се очекува да профункционира целосно за некој месец,се високо поддржани и од граѓаните на Западен Балкан и од Бизнисот, нотира Балкан Барометар за 2021 година.

Мирјана Трпческа

жители Западен Балкан регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.