Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Балкански Либерали: Бараме остра осуда од ЕУ за идеите за прекројување на граници

0
By Нова ТВ on April 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вакуумот во регионот создаден делумно од кризата со Ковид-19 и претстојната длабока рецесија во ЕУ се плодна почва за опасни националистички идеи за прецртување на границите и под итно мораат да бидат сопрени. Нејасно е зошто овој нон-пејпер циркулира сега, кој е негов автор, дали е пробен балон, но прашањата што ги отвори се во спротивност со сите вредности и принципи на ЕУ, сметаат Либералите во регионот.

Ваквиот став денеска на прес-конференија го пренесоа поранешната министерска за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ, заедно со поранешниот министер за одбрана на Словенија, Роман Јакич и поранешниот македонски државен секретар за надворешни работи, Емил Кирјас.

Тие побараа експресна и остра осуда од цела Европска Унија за идеите за прекројување на границите на Западниот Балкан, што циркулираат заедно со наводниот нон пејпер на Јанез Јанша.

За поранешниот министер за одбрана на Словенија, Роман Јакич, овој документ, според неговите информации е примен во ЕУ во февруари, но не се знае кој го напишал и е во целосна противречност со надворешната политика на Словенија.

За опасноста на овие идеи се огласи и поранешната шефица на хрватската дипломатија, Весна Пусиќ, која изрази посебно загриженост за содржината на нон пејперот поврзана за наводен „есктремистички исламизам“ во Босна и Херцеговина.

Пример за тоа вели Пусиќ, е изјавата на францускиот претседател пред повеќе од една година во која тој рече дека Босна и Херцеговина е темпирана бомба за тероризам.

Таа повика на претстојниот Совет за надворешни работи на ЕУ министрите силно да ја потврдат ЕУ перспективата за Западниот Балкан и да инсистираат дека прекројувањето на границите не доаѓа предвид.

Поранешниот државен секретар за надворешни работи на Северна Македонија, Емил Кирјас, ја искористи приликата да потсети дека до неодамна вакви идеи се ширеа и во соседна Бугарија, поточно од министерот за одбрана кој ширеше мапа за Голема Бугарија и предупреди од опасноста од вакви концепти во земји членки на НАТО.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.