Едвард Џозеф: Сега, овде се наоѓаме во многу чудна ситуација, поради ситуацијата што ја нарекувам Балкански парадокс. Балкански парадокс, зошто е парадокс? Затоа што од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Западот е посилен и пообединет. Русија е послаба и поизолирана. А сепак, Балканот е полош. Повеќе влошување. Значи, Западот е посилен, Русија е послаба, но Балканот е во полоша форма. Ова нема смисла. Ова е парадокс. И тоа бара и има објаснување. И вие сте во право, во секоја од овие земји постои оваа турбуленција и неизвесност. Дури и во некои случаи, како што спомнавте, на Косово ја имате оваа нестабилност со 20 килограми експлозив поставен на мост. Сфаќате дека само експерт може да го направи тоа. Ова не е фрлање молотов коктел, како во Звечан во мај минатата година, во 2023 година, знаете, секој може да направи молотов коктел. Не ставаш 20 килограми таму за да разнесеш, намерно не уништувајќи, туку оштетуваш за да испратиш некој сигнал. Ова не се аматери. И ова е сигнал за сериозноста на ситуацијата. И мораме да разбереме дека не можеме повеќе во регионот да ја имаме оваа амбивалентност, оваа амбивалентност што, па, добро, ние сме, знаете, како во Србија. Па, добро, ние сме кандидати за ЕУ и сакаме да ги отвориме овие поглавја, но сè уште сме со Русија и Кина, ги избираме нашите пријатели. Не, не, вие не ги избирате вашите пријатели. Не, ако сте дел од процес и сакате да се придружите. Ззнаете, никој не ја тера Србија да влезе во Европската унија. Никој не ја тера Србија да влезе во НАТО. НАТО не им вели, леле, мора да влезете во НАТО. Велат, во ред, не сакаш да влезеш во НАТО. Но, Србија вели, ние сакаме да влеземе во ЕУ. Во ред, сакаш да влезеш во ЕУ? Треба да ги следите правилата. Мора да се усогласите со останатите. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.