Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Балканскиот проблем со мигрантите ќе се решава на есен во Будимпешта

0
By Светлана Јовановска on July 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Унгарија понудила да организира конференција во Будимпешта за решавaње на проблемот со мигрантите на Балканот кој станува се позагрижувачки за ЕУ, заклучиле денес министрите за внатрешни работи на ЕУ на нивната средба во Брисел.

Се уште не е одреден точен датум за оваа конференција но веќе е познато дека на Малта ќе се одржи ваква средба на 11 и 12 ноември. Средбата која ќе се одржи во Будимпешта, доколку биде прифатен предлогот на Унгарија, “ќе даде свој придонес” а датумот ќе се определи на идната сесија на министрите за надворешни работи во октомври.

Но министрите не го отвориле прашањето за ѕидот што Унгарија го гради на границата со Србија за да ги спречи мигрантите да влезат во оваа ЕУ земја.

Советот на ЕУ заклучил дека заедничката надворешна и безбедносна политика е клучна за да зајакне соработката помеѓу земјите на потекло на мигрантите и земјите низ кои овие луѓе транзитираат како што се земјите од Балканот. Цел е «да се решат корените и да се спречи нерегуларната миграција вклучително шверцот на луѓе, и да се заштитат лицата на кои им е потребна меѓународна заштита и истовремено да се почитува правото на азил како и да се озбебеди враќањето у+и реадмисијата», вели министерскиот заклучок.

ЕУ ветува дека ќе работи со сите земји каде што демократијата не е силна за да се заштитат луѓето од политичко насилство, нарушување на човековите права и нивната тешка социо-економска положба: «Оваа соработка мора да биде заснована на дијалог, сопственост и поделена одговорност», вели ЕУ сакајќи да се обезбеди превземање на целосната одговорност за тешката положба на стотиците илјади мигранти кои одат кон ЕУ.

Советот донел одлука да ја зајакне соработката со клучните земји низ кои мигрантите транзитираат.

Пред еден месец Европската комисија најави дека работи на посебна програма за земјите од Балканот и Турција со која треба да им се помогне успешно да се соочат со мигрантската криза.

“Европската комисија ја финализира својата програма за менаџирање на мигрантската криза за Западниот Балкан и Турција кој изнесува 8 милиони евра и ќе почне да се спроведува во септември 2015 година. Комисијата размислува како да даде поддршка преку националните програми на ИПА која се фокусира на капацитетите на заинтересираните земји во областа на азилот, миграцијата и визната политика како и зајакнување на ранливите категории на мигранти и жртвите на шверцот со луѓе”, соопшти ЕК.

И додаде дека оваа помош ќе се фокусира на три области: “идентификација на мигрантите (отисоци на прсти), споделување на интрарегионални и интеррегионални информации и механизми кои ќе понудат решенија за враќање на мигрантите (во земјите од кои потекнуваат) и истовремена примена на практична заштита на специфичните потреби на мигрантите”.

На самитот во јуни, жестока дебата се одвиваше помеѓу загрижениот италијански премиер Матео Ренци и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој апелираше на задолжителни квоти.

Остана на тоа секоја земја самоволно да се произнесе за капацитетот кој го има за да прими бегалци.

Франција, Германија и Холандија сакаат сите земји да го прифатат предлогот на Европската комисија, кој се базира на проценка на населението, на капацитетите, на невработеноста и слични барометри.

Досега овој баланс не е постигнат. Министрите за внатрешни работи ја продолжуваат својата средба на која треба да се направи врамнотежена поделба на мигрантите во сите земји членки.

За побрзо постигнување на договор, се очекува помош од Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.