Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бан Ки-мун: Образование, интеграција и вработувања за лицата со аутизам

0
By Нова ТВ on April 2, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


По повод светскиот ден за борба против аутизам, првиот човек на Обединетите нации, Бан Ки-мун повика на образование, вработувања и интеграција на сите луѓе со аутизам.

Тој нагласи дека аутизмот е доживотна попреченост, која најчесто се манифестира во првите три години од животот.

„Светскиот ден на аутизмот е шанса да се прослави креативниот ум на лицата со аутистични спектрални нарушувања и да се обнови нашата посветеност да им помогнеме да го реализираат својот огромен потенцијал. Нивната сила инспирира. Тие ги заслужуваат сите можности за образование, вработување и интеграција“, порача генералниот секретар на ОН.

Одбележувањето на овој ден се прави по седми пат откако во 2007 Генералното собрание на Обединетите Нации ја усвои резолуцијата за одбележување на овој ден. Темата на меѓународниот ден на аутизмот е „Разбирање и прифаќање на лицата со аутизам“.

Меѓународниот ден на аутизмот, меѓу другото, има за цел да посочи на важноста за рано откривање и рана интервенција, како и потребата од разбирање на овие лица.

Во Македонија денеска се организираат низа активности. Здружението „Во мојот свет“ почнува кампања под мотото „Еден свет за сите“ која ќе се одвива во текот на цел месец, а централниот настан ќе се одржи попладне во Скопје сити мол. Македонското-научно здружениe за аутизам пак, денот ќе го одбележи со неколу настапи во Музејот на македонската борба.

Сепак, во многу земји во светот, лицата со аутизам сеуште се соочуваат со дискриминација и исклученост. Дури и онаму каде што нивните права се заштитени со закон, тие често мора да се борат за да дојдат до основни услуги.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.