Милан Бандиќ е повторно градоначалник на Загреб. Според првичните неофицијални информaции од обработените 40 проценти од гласачките места, Бандиќ убедливо води со 45, 63 проценти од гласовите.
-Ние победивме, но таа победа значи одговорност и затоа топката на земја. Мајка ми е пред умирање и јас одам во Мостар. Благодарам на сите, ова е почеток на еден добар пат кој не застанува на границите на Загреб изјавил Бандиќ со солзи во очите.
Во победничкиот говор тој рекол дека е време да престанат приказните за него како за криминалец.
-Тргнете ја веќе еднаш таа фама за 300 кривични пријави против мене изјавил Бандиќ и ги повикал институциите да си ја завршат својата работа.