„Rhythm & Hues“, компанијата што ги направи специјалните ефекти за филмот „Животот на Пи“, а која пред два ена ја освои престижната награда БАФТА за најдобар визуелни ефекти, најверојатно ќе банкротира, пишува британски „Гардијан“ откако весникот дошол до документите кои компанијата ги подготвува пред прогласувањето на банкрот.
Со седиште во Калифорнија, компанијата е принудена да го покрене „Поглавје 11“, што според американските закони значи банкротирање на фирмата.
За „Rhythm & Hues“ ова е последниот чекор откако пропаднал нивниот обид од три холивудските студија да побараат заем од околу 20 милиони фунти за да го одржат бизнисот во живот .
Други филмски хитови кои се произведени со помош на „Rhythm & Hues“ се “The Golden Compass“, адаптација на романот на Филип Пулман роман, и „Babe“ детската анимирана комедија за прасето кое зборува.
Компанијата „Rhythm & Hues“, не била достапна за коментар.