Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бараат ли пекарите преку леб погача?

0
By Соња Крамарска on February 28, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во услови на тензична размена на закани меѓу мелничко- пекарската индустрија и Владата, крајно неизвесно е дали на крајот граѓаните ќе можат да купат поевтин леб или пак овој животен производ едноставно нема го има на одреден период. Неколку месеци по овозможувањето субвенционирана струја, конечно „се стопи“ оптимизмот дека ќе дојде до поефтинување, па оттука како основна дилема се постави прашањето околу промисленоста на оваа мерка имајќи ја предвид подготвеноста на пекарите да ги прилагодат производите на стандардот на македонскиот граѓанин.

Во моментотов на маса се многу аргументи за и против, но според универзитетскиот професор Зоран Ивановски сите укажуваат едно, а тоа е дека станува збор за комплексна ситуација со засега неизвесен крај. Според него, треба да се поздрави одлуката на Владата да ја субвенционира струјата на производителите на леб, но не и најавата за замрзнување на неговата цена.

„Разбирлива е желбата на Владата да ги контролира цените и да ја намали инфлацијата, но не може да се унифицираат трошоците за ваков животен производ и сите производители да бидат задоволни и среќни. Тие не ги набавуваат по иста цена основните суровини, особено брашното, немаат ист трошок за струја, па затоа е доста комплицирано да наметнете замрзната цена којашто ќе треба сите да ја почитуваат“, изјави Ивановски за Локално.

Според него, вакви мерки не се карактеристични за пазарна економија и единствено можат да предизвикаат прекин на производството. Категоричен е дека доколку владата сака да ја лимитира цената на лебот, тогаш тоа може да го направи на друг начин, односно може да понуди од сопствените резерви на брашно, а производителите да ги остави на регулираниот пазар обезбедувајќи им пониска цена на струјата.

„Апелирам владата да ја преиспита својата одлука и да понуди друга алтернатива, а тоа е обезбедување брашно по пониска цена. Имајќи предвид дека на светките берзи цената на брашното паѓа, сметам дека може да се постигне целта, а таа е пониска цена на лебот, а со тоа и намалување на инфлацијата и повисок животен стандард“, вели Ивановски. Во прилог на неговите тврдења посочува дека на долг рок пазарите се тие кои дефинираат фер цена како резултат на понудата и побарувачката на пазарот. Оттука, баланисрањето го посочува како правилна политика, а тоа во случајов би значело водење сметка за стандардот на граѓаните, но и за интересите на компаниите.

Последиците по компаниите од одлуката на замрзнување на цената на лебот за Локално, ја коментира и Марјан Митревски- сопственик на пекара и член на Занаетчиската комора Скопје. Според него, намалувањето на цената на 33 денари за пекарите ќе има несогледлив негативен ефект бидејќи цената на лебот е комплексно прашање кое не е условено само од износот на сметката на електричната енергија.

„Ова станува уште појасно ако се има предвид фактот дека голем дел од производителите не печат на струја. Нашиот најголем производител на леб- Жито Лукс користи печки на гас, а ова е случај и со останатите големи производители. Дел од пекарите имаат поставено фотоволтаици, а некои имаат печки на дрва“, вели Митревски. Оттука, колку ќе чини една векна леб во најголем дел зависи од цените на брашното, работната рака, нафтата, опремата за пакување… а тие се сите покачени. Во вакви услови според него, пекарите не можат да дозволат симнување на цената ни за 2 денари, а не пак повеќе од 10 денари. Самиот Митревски како што вели е во поинаква ситуација бидејќи најмногу изработува пецива, а лебот има мал процент во неговото производство. Овој животен производ го продава за 35 денари, и економски може да издржи доколку Владата наложи тој да се продава по цена од 33 денари.

Групацијата за мелничко-пекарска индустрија при СКМ вчера предупреди дека ќе ја стопираат работата доколку се донесе одлуката за замрзнување на цената на лебот. Во оваа насока посочија дека таквата одлука би предизвикала дневни загуби на пекарите од 3000 до 15.000 евра. Подеднакво одлучен е и министерот Бектеши, според кој субвенционираната струја требаше да обезбеди поевтин леб и заштита на стандардот на граѓаните. Токму граѓаните, во чие име сите се повикуваат засега само немо ја следат ситуацијата прашувајќи се дали од следната недела ќе мораат да почнат сами да месат леб дома.

Извор: Локално

Зоран Ивановски Марјан Митревски пекарска индустрија цена на леб
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.