Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Барак Обама: 2014-та ќе биде година на акција

0
By Нова ТВ on January 29, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Американскиот претседател Барак Обама на своето годишно обраќање ги објави како што ги нарекува “конкретните и практични предлози” за да се намали јазот помеѓу богатите и сиромашните. Обама сака 2014-та да биде година на акција.

Обама изјави дека ќе го заобиколи американскиот Конгрес во ситуацииите кога ќе може да преземе чекори без законодавство, со цел да ги прошири економските можности за средната класа американски семејства.

– За неколку недели, јас ќе потпишам извршна наредба со која ќе побарам од сите компании кои работат со централната Влада да им исплаќаат минимална плата од 10 долари и 10 центи по час на свотие вработени. Бидејќи ако готвите за нашите војници или им ги миете чиниите, не треба да живеете во сиромаштија. Приклучете и се на државата. Кажете да. Дајте и повисоки плати на Америка, изјави Обама најавувајќи една од извршните наредби.

Освен да ги зголемат платите на вработените, Обама ги повика компаниите во САД доброволно да ги изедначат платите на вработените жени со тие на мажите. Обама состојбата со правата на жените на работните места ја спореди со нивната дискриминација во серијата „Мед Мен“ и рече дека „жената заслужува да може да роди дете без да си ја ризикува работата“.

Обама рече дека “Америка не стои во место и нема да стои”. Според него по четири години економски раст “, оние на врвот никогаш не биле во подобра позиција, но за сметка на тоа просечните плати останале исти, нееднаквоста се продлабочила, а мобилноста е во застој.

– Економистите сметаат дека реформа на имигрантскиот систем ќе ја зголеми нашата економија и ќе го намали дефицитот за билион долари во следните две децении. Луѓето доаѓаат тука да ги исполнат своите соништа, да студираат, откриваат работи и придонесуваат кон нашата култура. Ја прават нашата земја поатрактивно место за бизнисите да отворат работни места за сите. Затоа, ајде годинава да ја спроведеме реформата на имиграцијата, изјави Обама.

Американскиот претседател зборуваше малку повеќе од еден час, а во текот на говорот 80-тина пати беше прекинуван со бурен аплауз на демократските конгресмени. Републиканците во најголем дел молчејќи го следеа говорот.

Во врска со Авганистан, Обама најави дека во текот на годината, САД ќе ги повлечат своите сили од оваа земја, ставајќи крај на „најдолгата војна во историјата на САД“. Обама остави можност мал американски контингент да остане во оваа земја, доколку Авганистанците се согласат со тоа.

Од другите надворешно-политички приоритети, Обама накусо се осврна на Сирија, велејќи дека САД ќе работат со меѓународната заедница за крај на теророт во оваа земја, но притоа вети и дека нема да испраќа американски војници во мисии во странство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.