МЗТ Скопје не успеа да го потврди брејкот од првиот меч во бараж серијата за пополнување на АБА лига. Задар им возврати на „металците“ за поразот од салата „Крешимир Ќосиќ“ и славеше во СЦ „Јане Сандански“ со 78:77 (по четвртини: 23:18. 20:17, 15:21, 19:22) за израмнување на 1:1 и обезбедување на мајсторка на домашен терен на 30 април.
Џејмс Вудард со 26 коша беше најефикасен на средбата, но неговиот ефект е слаба утеха на МЗТ Скопје чии кошаркари пропуштија прилика за промоција на членство во елитната АБА конкуренција. Двоцифрени кај домашните беа и Лестер Медфорд со 17 поени и Иве Иванов со 14.
Лидер во победничката екипшата беше Марио Литл со 20 коша, Лука Жориќ уфрли 17 додека Владимир Дашиќ нанижа 12 поена.