Постоечкиот закон за заштита на културното наследство е суспендиран и се крши од страна на Владата. Во светло на најновите случувања со Градскиот трговски центар и поновите градби од времето на модернизмот мора да се стават под заштита со јасно прецизирани законски одредби.
„Во сегашниот закон има многу пропусти, кога се кроеше решнието не беше прифатена ниту една забелешка од стручната јавност. Сега, законот е со многу празнини што овозможуваат простор за вакви дејства на интервенции и можност сите различно да го толкуваат.
Преку Инцијативата ќе побараме да се утврди точната листа на сите споменици како и листа на современи објекти чија вредност ќе мора да се валоризира за да се заштитат од натамошни промени“, вели Донка Барџиева Трајковска, претседателка на Центарот за заштита на културното наследство.
Таа оценува дека мора да се направат итни законски измени, но се бара начин како инцијативата да дојде до Собранието.
Според Барџиева ако се дозволи менување на ликот на ГТЦ, некоја друга влада во иднина, под закрила на овој закон ќе може да ги менува и новоизградените објекти и споменици.

