Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Барем за миг да се одделиме од сивилото кое нè опкружува

0
By Нова ТВ on December 13, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во овие грди времиња кои го приклештија нашиот дух и од кои, дај боже, што е можно поскоро и побезболно да излеземе, благороден е каков и да е повод кој нè здружува и кој ни овозможува, барем за миг, да се одделиме од сивилото кое нè опкружува и од фактите кои како тешки камења удираат врз нашата свест”, изјави во 2001 год. Анте Поповски (1931-2003), по повод отварањето на Спомен собата на Ацо Шопов во Домот на културата во Штип што го носи неговото име.

Во тој дух, денешната епизода од серијата писмени и видео записи за Ацо Шопов што НОВА ТВ ги објавува во знак на одбележување на 90 годишнината од неговото раѓање, е посветена на две песни напишани непосредно по скопскиот земјотрес: „Грозомор” и „Гледач во пепелта” од истоимената збирка што неодамна повторно излезе од печат во издание на Везилка 2011.

Ацо Шопов многу рано научи да чита во пепелта. Овој македонски поет никогаш не дозволи да го допрат догмите на аполутното во идеите. Лирскиот израз на Шопов достинува извонредни височини кога искажува нешта од минатото со зборови од сегашноста и кога зафаќа во сегашноста за да ја искаже со зборови од минатото. Ова е секако тешка игра што ретко кој може да ја игра.
Аурора Марија Сааведра, Мексико, 1988

Гледач во пепелта е книга која не само што навлегува во длабинските димензии на нашата внатрешност, па во таа смисла отворено го соочува човекот со самиот себеси, со пеколот во него и со оние вистини и спознавања што се потрајни и од самиот човек, туку и книга која ги испитува прасупстанцијалните темели токму на овој свет кој егзистира на работ меѓу утрешната катаклизма и утрешната материјална и духовна благосостојба, меѓу небиднината и дабиднината.
Георги Старделов, од предговорот на Гледач во пепелта, 1970

„Грозомор” е метафора на траењето на чијшто еден пол е минатото, а на другиот пол нејзината денешна хармонизирана, еманципирана стварност. Зашто, таа од хаосот стана − облик. Таа од неговата бесмисла (или барем привидна бесмисла) стана смисла.
Миодраг Друговац: „Ацо Шопов или уметник на песната”, 1969

„Грозомор” е исклучителна, длабоко инспирирана песна, која на катаклизмата на скопскиот земјотрес и’ приоѓа некако одвнатре, потполно алергична на дескрипцијата, која токму во врска со тој потресен настан толку често доминираше во сферата на нашата лирика и уметност воопшто.
Драшко Реџеп, 1970.

Само поет како Шопов, со таква света преданост на сетилата, со таков инстинкт кон светлосните сензации, може да ги открие под кората на заслепителната светлина понорите на црното.
Ефтим Клетников,1981.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.