Српски граѓани поставиле барикади на северот на Косово, по најавата на официјална Приштина дека утре ќе стапи во сила одлуката за пререгистрација на возила и лични карти.
Во Косовска Митровица се слушаат сирени од пред 18 часот.
Како што јави РТС, граѓаните ги блокираа административните премини „Јариње“ и „Брњак“ каде се распоредени косовски специјалци.
Косовската полиција не дозволува пешаци или возила да минуваат низ „Јариње“, а оние кои веќе поминале ги враќа назад.
Полицијата во централна Србија ги враќа патничките возила кои тргнале кон административните премини, информира РТС.
Во Косовска Митровица се слушаат сирени за тревога, а локалните граѓани излегле на улиците.