Српски граѓани поставиле барикади на северот на Косово, по најавата на официјална Приштина дека утре ќе стапи во сила одлуката за пререгистрација на возила и лични карти.

Во Косовска Митровица се слушаат сирени од пред 18 часот.

Како што јави РТС, граѓаните ги блокираа административните премини „Јариње“ и „Брњак“ каде се распоредени косовски специјалци.

Косовската полиција не дозволува пешаци или возила да минуваат низ „Јариње“, а оние кои веќе поминале ги враќа назад.

Полицијата во централна Србија ги враќа патничките возила кои тргнале кон административните премини, информира РТС.

Во Косовска Митровица се слушаат сирени за тревога, а локалните граѓани излегле на улиците.