Една жена која била повредена во обидот за напад во шпанското летувалиште Камбрисл денеска им подлегнала на повредите, со што бројката на жртви се искачи на 14, повредени се 100, од различни националности. Информациите велат дека се работи за 34 националности, во кои е вклучен и македонскиот државјанин, чиј идентитет не е соопштен од страна на МНР.
Неколку часа по нападот во Барселона, полицијата соопшти дека убила петмина „терористи“ кои подготвувале сличен напад во Камбрилс. Притоа биле ранети шестмина цивили и еден полицаец.
Во вчерашниот напад во Барселона комбе влета во толпа на луѓе на една од најпосетените улици во градот. Полицијата соопшти дека двата напади биле поврзани.
Еден од терористите во Барселона, Дрис Оукабир е снимен на плажа, само два дена пред нападот во шпанскиот град.
Тој ваква фотографија објавил на неговиот Фејсбук профил, на 15 август. Сепак, не е јасно каде е направена фотографијата.
Полицијата во Шпанија го објави името и сликата на Оукабир посочувајќи дека тој е човекот кој управувал со комбето и со кое влетал во толпата во Барселона.
По нападот, терориститот пеш го напуштил местото на настанот. Според други информации, пред несреќата се слушнале пукотници од соседниот плоштад. Оукабир живеел во Рипол, на 100 километри од Барселона, а претходно живеел во Марсеј.
Подоцна, сепак, се појави информација дека Оукабир им се предал на полицијата каде што изјавил дека нема никаква врска со нападот и дека неговиот пасош бил украден, а како главен осомничен го обвинил неговиот брат.
Но сомнежите за поврзаност на Оукабир со нападот се зголемуваат поради содржината на овој профил, на кои стојат закани за напад и смрт. Последната порака гласи: Смрт, смрт, смрт. Зошто сите се плашат од смрт.



