Барселона објави неверојатни детали од новиот договор за соработка со Најк. Петгодишен договор вреден неверојатни 155 милиони евра по сезона, почнувајќи од 2018/19, со опција за продолжување на соработката и до десет години. Ако се активира клаузулата, Барселона од Најк во наредната деценија да добие 1,5 милијарди евра. Соработката ги врзува уште од 1998 година.
Станува збор за рекорден спонзорски договор кој ја урна цената на договорот со Манчестер Јунајтед и Адидас од 835 милиони евра.
Мануел Аројо, потпретседателот на Барселона, потврди дека со новиот договор Барселона ка превзема водечката позиција на глобалниот спортски пазар и индустријата во спортот.