НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Башевски: Царот е гол

0
By Нова ТВ on July 17, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Aвтор: Димитар Башевски, писател

Конечно, царот е гол. Последното што докрај ни ги отвори очите за да го видиме она што го видело детето од приказната е оној потег на Комисијата за лустрација во врска со Славко Јаневски. Многумина творци, па и пошироката јавност уште еднаш ја препознаа оваа Комисија како инструмент во уривањето на се’ што е градено со голема упорност и со љубов за опстанокот и афирмацијата на оваа земја и на овој народ.

Власта секојдневно презема постапки кои наидуваат на отпор внатре и, исто така, на неодобрување и критики однадвор, така што самата со тие постапки што секојдневно ги гледаме си го стега веќе јажето околу сопствениот врат. Таа веќе си го има стегнато. Понатамошното нејзино опстојување ќе биде можно само со засилена употреба на и досега употребуваните инструменти на притисок и застрашување.

Кои се тие постапки и политики на власта што наидуваат на отпор и неодобрување и што зборуваат за веќе затегнатото јаже и за тоа дека царот е гол? Оние на кои мислам јас и кои ги споменувам овде не се од сферата на тековната политика, тоа се постапки и политики кои се поврзани баш со нашиот опстанок (our very existence).

Toa сe: 1. Упорната антиквизација која го поткопува изградениот национален идентитет;

2. Тенденциозните обиди за промена на карактерот на илинденската борба (Тодор Александров и сл.) наместо вообичаените историски истражувања,

3; Позицијата на неприфаќање на континуитетот на македонската државност (НОБ, борци);

4. Авторитарниот карактер на власта (настаните од 24 декември мината година кога од Собранието беа насилно исфрлени пратениците на опозицијата и новинарите, употребата на дел од народот и од младината во спречување на опозициските легитимни протести, одбивањето да се прифатат правилата за фер и законски избори, контролата врз слободата на зборот и медиумите);

5. Упорното задолжување на земјата;

6. Приоритет на интересите поврзани со власта во рамки на коалицијата наспрема пошироките општествени приоритети;

7. Проектот „Скопје 2014“: финансиското, идеолошко и естетско насилство;

8. Партизација на севкупниот живот, од Собранието надолу до селската месна заедница, полицијата, администрацијата, судот итн. Народот е оставен самиот на себе. Тој се топли со рекламите на Владата што самиот ги плаќа.

Каков апсурд, ги плаќа за да биде лажен!

Резултат: евроинтеграциски дебакл, исплашен, осиромашен и, што е најтрагично, поделен народ. Оваа поделеност до степен на граѓански судир паѓа исклучиво врз душата на оваа сегашна власт, поделеност меѓу Македонците и поделеност меѓу Македонците и Албанците. Важна улога во тој моментум на делење и спротивставување на луѓето и’ е доделена на Комисијата за лустрација.

Нејзиното толку дрско, упорно и апсурдно, антиуставно и антинационално дејствување не престанува и покрај легитимните широки реакции што се изразуваат континуирано, а чашата се преполни со лустрацијата на Славко Јаневски. И сега, интересно, баш од каде што помалку очекуваш, се јавуваат чудни поддржувачи.

Според она што може да се разбере од колумната на Ивица Боцевски во „Нова Македонија“ oбјавена на 12 јули, пишувана по повод реакциите на Божин Павловски, Јаневски е еден од „интелектуалната бедотија на етаблираните македонски културни и научни работници“. Овде ќе морам да го цитирам целиот пасус од колумната на Боцевски, за да биде јасно за што станува збор. Тој вели:

„Македонскиот комунизам создаде систем на вредности каде што големината на делото на научникот и на уметникот не се мереше според неговата објективна научна и културна тежина, туку со нејзината/неговата слепа верба во каноните на единствената партија. Овој систем потоа си го презедоа и си го продолжија и Киро Глигоров и Бранко Црвенковски.

Но, како што гледаш, сега Македонија се отвара кон светот и на виделина излегува сета морална и интелектуална бедотија на етаблираните македонски културни и научни работници, излегува на виделина дека тие не постојат за европската и за глобалната наука и култура. Оние што вредеа, токму овие етаблираниве ги истуркаа на маргините на македонското општество. Како поинаку медиокритетите може да ги поднесат сопствената просечност и мизерност, освен да ги прогонат и да ги затворат џиновите во најтемните и во најдалечните зандани“.

Значи, според Ивица, станува збор за систем од 1945 до 2006 година, кога ВМРО на Груевски доаѓа на власт, и дека од тој момент, како што вели, „Македонија се отвора кон светот и на виделина излегува сета морална и интелектуална бедотија на македонските културни и научни работници“. Значи, Боцевски негира (со каква ли леснотија!) се’ што е создадено на културен план во децениите по војната и дека самиот се сместува во точка 3 што ја спомнав погоре, а која зборува за „неприфаќање на континуитетот на македонската државност“ од сегашната власт и нејзините поддржувачи, меѓу кои спаѓа (во последно време) овдешниот интелектуалец Ивица Боцевски.

Наспроти „бедните“ и „етаблираните“, Боцевски, во колумната за која кажавме погоре, споменува двајца писатели, секоја чест, се разбира, и додава дека постоеле „џинови“ кои биле истуркани од оние некадарните. Е, сега јас, колку што дозволува просторов, ќе набројам еден број културни работници, писатели и други кои Боцевски ги смета за дел од македонската повоена „интелектуална и морална бедотија“.

Еве некои од нив: Ѓорѓи Абаџиев, Тодор Скаловски, Блаже Конески, Никола Мартиноски, Васил Иљоски, Ристо Крле, Димитар Кондовски, Борко Лазески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Петре Богданов-Кочко, Владо Малески, Стефан Гајдов, Димче Коцо, Родољуб Анастасов, Матеја Матевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Василие Поповиќ-Цицо, Јован Павловски, Благој Дрнков, Георги Старделов, Глигор Чемерски, Илхами Емин, Владимир Георгиевски, Коле Чашуле, Илија Џувалековски, Ацо и Димче Стефановски, Благоја Иванов, Влада Урошевиќ, Дарко Дамески, Катица Ќулавкова, Слободан Унковски, Луан Старова, Горан и Влатко Стефановски, Властимир Николовски, Петар Мазев, Владимир Костов, Томислав Зографски, Дарко Марковиќ, Петре Андреевски, Радован Павловски и др. и др. и др…. па се’ до Гоце Смилевски и Симон Трпчевски

Не ги споменувам луѓево со некаков ред, ниту ги вреднувам наспрема оние што не можам да ги спомнам, се разбира, ги пишувам како што ми доаѓаат во мигот и, како што му е познато на секој човек во оваа земја, овие имиња се само неколку од стотиците ако не и илјади. А уште од науката?

Дали нивната „етаблираност“, доколку постоела, ги брише вредностите на нивното творештво, ги прави „некадарни“ и ги сведува на „интелектуална и морална бедотија?“ Тие не само што се уметници и научници, туку се и градители на сите македонски културни и уметнички институции и со тоа на македонската државност, и таа државност и тие институции споменативе и неспомнати уметници и научници ги поддржуваа, а живите и во овој момент ги поддржуваат, независно од дневната политичка определба.

Секако, имало и обесправени, во некој момент оттурнати, дури и гонети уметници и научници, постапки кои заслужуваат секаква осуда. Но, еве, како што имал обичај да рече Ѓурчин Кокале, јас скокнав, наброив, и можам да бројам до некоја голема далечина. Сега, Ивица, ти скокни, наброи, освен оние двајца, барем уште еден, да бидат тројца, или нека има баш и „џинови“, камо среќа, поголеми од набројаните и од ненабројаните.

И нека бидат „неетаблирани“, „ама во однос и на оваа власт“, за која нема веќе сомнеж дека создаде еднопартиска држава и „етаблира“ на сите страни и тоа со различни методи. За еден од сличните методи зборува Лорд Актон кога вели: „Поткупот е поефикасен од направите за мачење“.

И, еве сега, господине Боцевски, и јас да те прашам тебе, како ти што го праша Божина: Кого браниш ти? Би бил многу задоволен ако ми кажеш дека не ја прифаќаш за точна која било од оние осум точки што ги набројав погоре, а кои зборуваат за карактерот на оваа власт. Една млада жена при демонстрациите на плоштадот „Таксим“ во Истанбул рече: „Ние не сме стадо овци“.

Претпочитам, значи, една ваква изјава каква што е оваа на младата Турчинка наспрема, на пример, изјавата на нашиот претседател дека срцето си го дава за Ердоган. И особено ја претпочитам онаа изјава на Казанѕакис, големиот грчки романсиер, поради која беше екскомунициран од Грчката црква, слично како Славко што е „екскомунициран“ од страна на Комисијата за лустрација.

Казанѕакис вели: „Не се надевам на ништо, не се плашам од ништо, јас сум слободен“, едно раскошно чувство на слобода и етичка автономност наместо молкот и бескрајната потчинетост на некој баздриѓан и малограѓанин.

Авторот Башевски ја понуди колумната на НОВА, да биде ре-објавена од Утрински весник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.