Published: Tuesday, December 9, 2025 15:54
Селими доби поддршка од осум члена на Советот од вкупно 11.
Фала на поддршката. И тие што не гласале ќе бидат со мене, заедно ќе работиме. Сакам да се заблагодарам на досегашната претседателка, додека го водеше Советот заеднички се боревме сите и понатаму ќе се бориме заеднички и ќе излеземе на добри патишта, изјави Селими.
Тој доаѓа на местото на досегашната претседателка Душица Димитриеска, чиј мандат истече на 1. октомври годинава, а изборот на нов претседател беше одложен поради локалните избори.




