Таборот за излез на Британија ќе победи, ова е прогнозата на британскиот јавен сервис ББС објавен пред еден час. Изборната комисија во Британија не се огласила се уште со финални резултати од референдумот, но од известувањето на британските медиуми не се насетува оптимизам.
Лидерот на УКИП чиј имиџ е националфашистички, Најџел Фораџ, веќе се огласи во јавноста околу 5 утринава изјавувајќи дека денешниот ден ќе биде „денот на независноста“. известувачот на „Гардијан„, пак пишува дека од утре може да се очекуваат оставки на партиски лидери, а прогнозира и втор референдум за независност на Шкотска.
Во Северна Ирска мнозинството гласаше против излез на Британија од ЕУ.