НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ББС: Спецификите на американскиот изборен систем

0
By Zoran Ivanov on November 5, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во седумте држави, како што американците ги нарекуваат „држави на бојното поле“, Аризона и Невада на западот, потоа Џорџија и Северна Каролина на југот и уште трите држави на сверот Мичиген, Висконсин и Пенсилванија, каде што се очекува да биде решен победникот на изборите, процесот ќе биде строго проверуван

Трамп веќе ја доведува во прашање доверливоста на многу од нивните гласачки процеси, како и во 2020 година, ги оспори резултатите од многу од нивните гласови на суд.

Еве што треба да знаете за гласањето во 2024 година.

Кога почнува броењето на гласовите и колку време ќе трае?

Првите избирачки места ќе започнат да се затвораат во 18:00 часот на источниот брег, односно во 23:00 часот на западниот брег на САД, но броењето гласови ќе се одвива многу подолго после затворањето на гласачките места.

Во повеќето случаи, може да потрае неколку недели за да се постигне официјален резултат, делумно поради државните правила.

На пример, во две држави на бојното поле – Пенсилванија и Висконсин – на изборните работници не им е дозволено да започнат со обработка на гласачките ливчиња испратени по пошта до денот на изборите. Тоа се очекува значително да го забави пребројувањето.

Важно е да се напомене дека новинските организации користат неофицијални резултати и проекции кога ги објавуваат победниците во изборната ноќ или следните денови, наместо да го чекаат конечното и официјалното пребројување.

Општи избори

Денеска, всушност, се спроведува фазата – општи изботи. Кога луѓето го даваат својот глас, тие всушност гласаат за група луѓе наречени електори. Освен во државите Мејн и Небраска, ако кандидатот добие мнозинство гласови од народот на една држава, тогаш кандидатот ќе ги добие сите електорски гласови на таа држава.

Претседателскиот кандидат со најмногу електорски гласови станува претседател на САД.

Изборен колеџ

Изборниот колеџ е процес во кој електорите или претставниците од секоја држава по број пропорционален на населението на државата, го даваат својот глас и одредуваат кој ќе биде претседател.

Секоја држава добива одреден број електори врз основа на нејзиното претставување во Конгресот. Вкупно се избрани 538 електори според политиката на секоја држава. Секој електор дава еден глас по општите избори, а кандидатот кој ќе добие повеќе од половина (270) победува.

Новоизбраниот претседател и потпретседателот се инаугурираат во јануари кога ќе заврши целиот процес.

Кој го прави броењето?

Броењето, исто така, варира од локација до локација и зависи од употребената опрема.

Некои окрузи „внесуваат“ гласачки ливчиња во оптички скенери, додека други може да користат системи со екран на допир или уреди за означување на гласачките ливчиња за снимање на гласовите.

Најчести се скенерите. Тие ги табелираат резултатите, кои потоа рачно се пребројуваат и повторно се проверуваат рачно.

Резултатите, пак, се споделуваат со изборните претставници, со партиите и на крајот со јавноста.

Што може да го забави процесот?

Броењето може да се забави со прекини, правни предизвици или компликации околу привремените гласачки ливчиња.

Веќе се поднесени бројни правни оспори.

Од 1 ноември, имаше 203 случаи за неправилности во предвременото гласање во 40 сојузни држави, според Марк Елиас, демократски изборен адвокат кој поднесе многу од одговорите на тужбите на Трамп во 2020 година.

Тие се концентрирани во државите на бојното поле Џорџија, која има 25 правни приговори, а потоа следуваат Пенсилванија, Северна Каролина, Висконсин и Аризона.

Привремените гласачки ливчиња им се даваат на гласачите кога не е јасно дали тие имаат право да гласаат. Ова може да се случи, на пример, ако некое лице не може да се најде во списоците на запишани гласачи.

Гласачките ливчиња можат да бидат оспорени и од изборните членовите на изборните единици или – во некои држави – од набљудувачите на изборите. Откако ќе се оспорат, гласачките ливчиња мора да се прегледаат од страна на надзорните претставници на изборите и да се стават на располагање на државните истражни одбори пред да бидат вклучени или уништени од официјалниот конечен резултат.

Кога би се одржало пребројување?

Секоја држава има своја процедура за повторно пребројување што може да го оддолжи пребројувањето.

Во бојните држави Пенсилванија и Мичиген, пребројувањето автоматски се случува кога бројот на гласови добиени од секој кандидат е особено близок.

Во случајот на Пенсилванија, на пример, потребно е автоматско пребројување доколку маргината на победата е помала или еднаква на половина процентен поен.

Повторно броење може да побараат и кандидатите, судовите или групи избирачи, иако правилата значително се разликуваат помеѓу државите.

Обично барањето мора да се поднесе во рок од три до седум дена.

На пример, во виталната променлива држава Аризона, мора да се побара повторно броење во рок од два дена по објавувањето на неофицијалните резултати.

Што значи сертификација?

Повторно, резултатите што јавноста ќе ги добива ноќта после изборите не се официјални – и наместо тоа се мешавина од прелиминарни податоци објавени од официјални лица и проекции од новинската агенција Асошиетед прес или Ројтерс.

Сите држави мора да ги потврдат своите официјални резултати до 11 декември.

Но, многу клучни држави имаат претходни рокови. Џорџија, на пример, мора да го потврди својот конечен резултат до 22 ноември, додека Мичиген и Пенсилванија имаат рок до 25 ноември.

Следниот чекор се случува шест дена подоцна, на 17 декември, кога претседателските „електори“ се состануваат и ги испраќаат резултатите од нивните држави до Конгресот.

Што е американскиот изборен колеџ и како функционира?

Изборните гласови мора да ги добие претседателот на Сенатот, односно потпретседателот, во овој случај Камала Харис – до 25 декември.

Државните електори беа под интензивен надзор во 2020 година, кога Трамп и официјални лица во седум држави се обидоа да користат алтернативни или „лажни“ електори за да ја поништат неговата изборна загуба.

Оваа година, некои очекуваат дека процесот на сертификација ќе биде проследен со правни битки, вклучително и со потенцијално бројни приговори од Трамп и неговите политички сојузници во Пенсилванија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.