Стотици луѓе пред босанскиот парламентот ја одбележаа смртта на три-месечно бебе, кое почина откако поради немање пасош не бепе испратено на хируршка интервенција.
Во Сараево инаку со денови се одржуваат протести поради неуспехот на политичарите да се договорат за единствените матични броеви на граѓаните, јавува Слободна Европа.
Мајката Берина Хамидовиќ изјави дека поради тоа не можеле најпрвин да влезат во Србија, а подоцна бебето почина во болница во Белград.
Уште едно бебе чека на пат за Германија за трансплантација на матични клетки.