Четиримесечниот Најден почина. Неговото храбро срце не ја издржа суровата животна битка.
Најден во саботата во три часот ја загуби битката со животот.
>>Масакрираното новороденче полека се враќа во живот
>>Долгото лежење во болница ја влоши состојбата на Најден
„Почина поради тоа што му попушти срцето“, изјави директорката на Детската Клиника, Аспазија Софијанова за Плусинфо.
Лекарите му го дадоа името Најден, откако пред четири месеци бебето беше пронајдено во грмушки во атарот на селото Арачиново. Се утврди дека над бебето е извршено насилство и дека му е отсечен јазикот.