Министерот за правда, Блерим Беџети се закани со кривична пријава против пратеникот на ДПА Беким Фазлиу. Во писмено соопштение, Беџети му порача на Фазлиу јавно да се извини за тоа што го изјави вчера во Собранието и на социјалните мрежи, дека кај него освен што е пронајдена дрога, тој им ја делел и на другите кои биле со него во ноќниот локал. За извинувањето, Беџети му даде рок од три дена на пратеникот Фазлиу, јавува Алсат М.
„… Барам од пратеникот Беким Фазлиу во текот на следните три дена да даде јавно извинување. Во спротивно, овие омаложувања и клевети ќе треба да ги докаже пред надлежен суд, бидејќи против него ќе биде поднесена пријава за клевета и навреда. Исто така, сакам да ја известам јавноста дека средствата од оваа клевета ќе бидат наменети за хуманитарни цели“, наведе министерот во писмената изјава“.
Пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу, вчера во Собранието побара од министерката Јанкуловска објаснување околу контролите во еден ноќен клуб, но Јанкуловска без детали, даде само само општо податоци за операцијата.