Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бегалците уште долго ќе останат заглавени во Македонија

0
By Светлана Јовановска on April 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европа нема решение за бегалците кои се блокирани во Македонија и никој не може точно што ќе се случува со тие луѓе откако балканскиот пат е целосно затворен. Најверојатно е дека 1.400 бегалци блокирани во Македонија ќе мораат подолго време да останат кај нас.

Повеќе од месец дена НОВА бара одговор од Европската комисија (ЕК) и прашува што ќе се случи со луѓето блокирани во Македонија откако се затвори балканскиот пат.

Единствениот одговор што го добивме беше дека Македонија „има право да ги преземе мерките за кои смета дека се неопходни за да го подобри менаџирањето на миграцискиот бран на своите граници доколку тие мерки се во согласност со меѓународните и домашните закони“. Во одговорот ЕК прецизира дека Македонија добила 50 милиони евра помош за бегалската криза. Но ниту збор за тоа дали има решение за бегалците заглавени во Македонија.

Според Тања Фајон, пратеничка на Европскиот парламент која вчера се врати од три дневна посета на грчките острови и Идомени, најверојатно е дека тие луѓе ќе останат во Македонија уште долго доколку не се отвори балканската рута.

Договорот помеѓу ЕУ и Турција постигнат на 18 март во Брисел не предвидува ништо за бегалците кои се кај нас а прецизни информации нема ни од македонските институции па работата е оставена на тоа – кој како ќе се снајде. Најголемата помош доаѓа, како и досега, од хуманитарните организации.

 Азил преку скајп

Фајон е шокирана од условите во кои живеат бегалците но и од фактот што бегалците мораат да бараат азил преку скајп.

Замислете, само преку скајп може да се бара азил. Луѓето немаат интернет а и кога ќе успеат да дојдат до скајп и ќе побараат азил, првото интервју го добиваат после шест месеци. А целата процедура за добивање азил во Грција до скоро траеше и 10 години, вели Фајон.

 

Според неа, 50 посто од овие луѓе ќе останат во “хот спот” центри. Во моментов се бараат локации околу Солун за изградба на овие центри и се очекува дека бегалците од Идомени ќе останат во Грција за подолго време. Околу 700 луѓе веќе се во испратени во центри но во лимбо зоната остануваат уште 11.000 луѓе.

Според информациите од Високиот комесаријат за бегалци на ООН, во регионот има се уште оперираат трговци со луѓе кои на бегалците од Идомени им бараат по 3.500 евра за да ги пренесат во Македонија.

kamp

За бегалците во Грција има три опции. Прво да побараат азил но тоа не го прават бидејќи има многу барања а и не сакаат да останат во Грција па перспективите се никакви.

Втора шанса е релокализацијата во ЕУ но тоа е исто тешко бидејќи тој систем на релокализација не функционира како што беше замислен. Засега само една земја широко ги отвора вратите за бегалците: Португалија бара да и се испратат 10.000 бегалци.

Третото е семејна реунификација но и тоа слабо функционира поради тоа што во повеќе земји на ЕУ има нови закони кои тоа го оневозможуваат.

Затворањето на балканскиот пат заглави околу 50.000 бегалци во Грција кои се наоѓаат или во 33 приемни центри, дивите кампови и пренатрупаните затвори на грчките острови.

Најкатастрофална е хуманитарната ситуација во Идомени и во Пирејското пристаниште каде 5.000 луѓе кампуваат без било каква инфраструктура а грчките власти сакаат да ги испразнат пред да почне туристичката сезона. Исто е и на Идомени. Минатата недела 700 луѓе  беа испратени во околните центри. Едноставно нема доволно вакви центри, вели Фајон.

 Срам за цела Европа

Денес започна примената на договорот помеѓу ЕУ и Турција. Три брода со 202 мигранти кои нелегално пристигнале во Грција на островите Лезбос и Киос, денес беа испратени во Турција.

Помеѓу нив има 131 Пакистанец, 42 Авганистанци, 10 Ирачани, 5 Конгоанци, 4 Шри Ланканци, 3 лица од Бангладеш, 3 од Индија, еден од Брегот на Слонова Коска, еден од Сомалија и двајца Сиријци. Двајцата Сиријци не побарале азил од „приватни причини“ и покрај тоа што земјата е во војна, информираше портпаролот на грчката служба за координација на миграцијата.

stoptheeu

Според договорот ЕУ-Турција, лицата кои ќе побараат азил во Грција нема да бидат вратени назад и нивното барање ќе биде разгледано. Оние имаат право на азил ќе бидат испратени во земјите на ЕУ а оние кои немаат ќе бидат враќани во нивните земји. Договорот исто така предвидува за секој Сириец испратен во Турција, ЕУ се обврзува да земе Сириец од Турција но фиксираниот лимит изнесува 72.000 бегалци.

Тања Фајон е засрамена поради тоа што Европа одбива да направи повеќе за луѓето кои бегаат од војна.

Каде се европските лидери, институции, политичари, индивудуи, сите оние кои денес не сакаат да преземат барем дел од одговорноста? Дали навистина ќе го жртвуваме сето она што го градевме со децении по Втората светска војна – зоната на слобода, просперитет и мир – поради два милиони бегалци?, се прашува Фајон.

Таа додава дека Европа нема на што да биде горда.

 Кога ја напуштив Грција синоќа по три дена престој и се вратив во Брисел имав само една мисла. Сите оние кои шират страв, нетолеранција и ксенофобија треба да минат само еден ден со бегалците и да се обидат да ја разберат нивната судбина, да ги споделат нивните стравови.”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.