Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: 2022-ра ќе биде година на економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции

0
By Ivana on November 17, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Буџетот на Министерството за економија за 2022 година е предвидено да изнесува 1,24 милијарди денари од кои 151 милиони денари се предвидени за плати и надоместоци на вработените, 733 милиони денари за капитални расходи, што е за скоро четири пати повеќе споредено со 2021 година,  а 214 милиони денари за субвенции.

Со предложениот буџет за 2022 година, како што истакна министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, се обезбедува поддршка и развој на малите и средни претпријатија, подобрување на деловната клима и зголемување на конкурентноста, поддршка и развој на енергетиката, поддршка на туризмот и угостителството, раст на инвестициите во енергетскиот сектор, зголемување на користењето на природниот гас и искористување на сончевата енергија во домаќинствата.

-Од вториот квартал годинава нашата економија оди во нагорен правец, а следната година ќе биде година на економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции. Предвидено да се реализираат сите програми и мерки на Министерството за економија за што се предвидени дополнителни средства. Во програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност за 2022 година предвидени се субвенции за граѓаните во вкупна вредност од 80 милиони денари, што е за 30 милиони денари повеќе споредено со средствата предвидени  во 2021 година, рече Бектеши.

И оваа година, додаде, Министерството за економија ќе покрива дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колектори во домаќинствата, за замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци и за купување на печки на пелети.

-Дополнителни средства оваа година се наменети и за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија со оглед на фактот што  забрзано се градат фотвоплтаичните централи на приватно земјиште за што во изминатите две години беа објавени два огласи од страна на Министерството за економија, а дел од нив се веќе и пуштени во употреба, појасни Бектеши.

Во делот на активностите за финансиска поддршка на туризмот во 2022 година, како што кажа, фокусот на Министерството ќе биде поддршка на домашниот туризам.

-За развојот на туризмот и промоција на земјава на светската туристичка мапа и поддршка на домашниот туризам следната година се предвидени 38,5 милиони денари. Продолжуваме континуирано со мерките за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, субвенции за туристички цели на селски домаќинства, поддршка на активен туризам и субвенции за дигитализација на туристичкиот сектор, рече Бектеши.

За следната година, потенцира, тројно е зголемен буџетот за субвенции за приватни претпријатија за што се предвидени 20,8 милиони денари од кои  девет милиони денари се предвидени за имплементација на активности за паметна специјализација што е обврска од извештајот на ЕК.

-Во 2022 година зголемен е и буџетот за поддршка на претприемништвото, за што се предвидени вкупно 62,3 милиони денари, додека во 2020 година за оваа намена  беа предвидени 50 милиони денари, рече Бектеши.

И во наредната година, како што кажа, ќе биде обезбедена финансиска поддршка за мерки за поддршка на претприемништвото и мали и средни претпријатија и за кофинансирање на проекти за занаетчиски комори и развој и промоција за занаетчиството.

-Со цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, како и намалување на загадувањето на воздухот што е еден од нашите приоритети и оваа година продолжуваме со мерката за субвенции за вградување  на уред на погон на ТНГ метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата. За оваа мерка се предвидени 11 милиони денари, нагласи Бектеши.

За следната година, додаде, е предвидено  неколкукратно зголемување на средствата во Буџетот во делот на гасификацијата, односно за реализација на капитални инвестиции.

-Во Буџетот на Министерството за економија за 2022 година за изградба на гасоводната мрежа се предвидени 625 милиони денари, средства кои што АД НЕР планира да ги обезбеди преку емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Ова е неколкукратно зголемување споредено со минатата година кога за оваа намена беа одвоени 140 милиони денари, посочи Бектеши.

Со овие 625 милиони денари, како што нагласи, предвидено е да се реализира проектот за гасификација на земјава – фаза 1, да се пуштат во употреба делниците Клечовце-Неготино, Неготино-Битола и  Скопје-Тетово-Гостивар, а  наскоро треба да почне и изградбата на интерконективниот гасовод со Грција

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.