Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека, во координација со градоначалникот на Арачиново и раководството на ЕВН, е најдено е привремено решение за проблемот со снабдување со електрична енергија на жителите на таа општина.
„Ова решение е привремено, со надеж дека ќе биде долгорочно, доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата. Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза“, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.