Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши вели дека земјава најдобро се справи со енергетската криза: Политички центри шират лажни вести за паника меѓу граѓаните

0
By Sashko on March 22, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одредени политички партии и центри се занимаваат со пласирање на лажни вести со цел да креираат паника и на таков начин, вештачки, да влијаат на зголемување на кризата, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Во гостување на дебата на ТВ 24, Бектеши уште еднаш истакна дека нема простор, ниту потреба од паника кај граѓаните зашто храна и нафтени деривати има.

Контролите во маркетите ќе продолжат, најави Бектеши, додавајќи дека секој граѓанин во секое време може да пријави недоследности и непочитувања на владините мерки на телефонскиот број 191.

Според него, земјава најдобро се справи со енергетската криза.

„Залихи на граѓаните не им се потребни. Имаме доволно прехранбени производи и нафтени деривати и тоа го кажуваме речиси секојдневно. Контролите на УЈП и Инспекторатот ќе продолжат. Доставивме барање до надлежните институции да постапуваат согласно законите за потрошувачите да бидат заштитени“, напомена министерот.

Извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Дрилон Исени рече дека бизнисите моментно се наоѓаат во незавидна состојба.

„Владините мерки го адресираат, пред сè, социјалниот елемент зашто со нив главно се поддржуваат ранливите категории граѓани. Бизнисите се наоѓаат во незавидна состојба. Цените растат, секоја фирма не е подготвена да работи со загуба. Има реален ризик некои компании да се откажат од одредени производи. Таму каде што маржата е ептен ниска, некои фирми користат кредит за да ги подмират побарувањата кон трети лица, па дури и за плати“, укажа Исени.

Според Ивица Јакимовски од Градежната комора, за 30 до 130 отсто се поскапени градежните материјали.

„Тоа влијае на реализација на проектите во ниско и високоградбата. Становите и воопшто, недвижностите се поскапени за 15 – 20 проценти што е далеку од поскапувањата на материјалите, а причината за тоа е должината на реализација на проектот. Значи, ова засега се најниските поскапувања на становите“, рече Јакимовски, додавајќи дека во време на криза е пресудно реализирањето на проекти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.