Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа соопшти дека сите федерални агенции во рок од 30 дена мора да ја избришат кинеската апликација TikTok од нивните уреди.
Белата куќа веќе некое време не дозволува присуство на апликацијата TikTok, во сопственост на кинеската компанија ByteDance, на своите уреди, пренесува АП.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг реагираше на оваа забрана на денешната прес-конференција, велејќи дека Кина „остро се спротивставува на овие погрешни потези“, пренесе Ројтерс.