Демократската партија на американскиот претседател Барак Обама го поддржа вчера републиканскиот нацрт-закон во Претставничкиот дом на Конгресот, кој е насочен против здравствената реформа на Обама, позната како Обамакер.
Мнозинство од демократите стравуваат дека неуспешниот старт на Законот за пристап до здравствена грижа ќе им наштети на нивните можности за реизбор во 2014 годна.
Текстот малку е веројатно дека ќе биде усвоен во Сенатот, кој е под контрола на демократите. Обама ќе стави вето на овој нацрт-закон, доколку стигне до неговото биро, соопшти Белата куќа, предупредувајќи дека со него би се нанела штета на здравственото осигурување на американските граѓани.