Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белата куќа побара краткорочен договор за долгот

0
By Нова ТВ on October 7, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белата куќа најави дека е подготвена да разговара за краткорочно зголемување на нивото на долг, со што би се одбегнал банкротот кој им се заканува на САД до крајот на октомври.

Џин Сперлинг, економски советник на претседателот Барак Обама, утринава изјави дека Белата куќа би прифатила и договор со кој нивото на долг ќе се зголеми со цел двете политички партии во САД да добијат барем две или три недели повеќе за да постигнат договор.

– Секако дека, колку што поголемо ќе биде нивото на долг, толку поголема економска сигурност ќе добиеме, а тоа ќе биде добро за работните места, растот и инвестициите. Но, одговорност на Конгресот е да определи колкаво ќе биде нивото на долг и да реши колку пати сака да гласа за тоа прашање, изјави Сперлинг, на прашањето дали Обама би бил спремен да прифати и краток договор за кревање на нивото на долг.

Белата куќа досега одбиваше да преговара за кревање на горната граница на долгот на САД, која е поставена на 16,7 трилиони долари, сума која САД ќе ја пробијат на 17 октомври.

Републиканците во Претставничкиот дом на Конгресот велат дека нема да дозволат ова ниво да се крене без договор со кој сериозно ќе почне намалување на долгот, кратење на расходите и подобрување на економската состојба. Обама и Демократската партија, кои имаат мнозинство во Сенатот, сметаат дека задолжувањето треба да продолжи и без договор со републиканците.

Расправата за долгот се одвива паралелно со расправата околу здравствената реформа Обамакер и финансиската блокада на централната Влада на САД, која се одразува врз голем број државни инстутиции.
Вчера привремено беше блокирана интернет страницата за полициските тревоги Амбер, кои се испраќаат до медиумите, интернет страниците и корисниците на мобилни телефони во случаи кога некој ќе пријави киднапирање на дете.

Овие тревоги, при кои полицијата масовно го опишува грабнатото дете и возилото со кое било однесено, имаат помогнато во пронаоѓање на стотици деца низ годините.

Но, вчера вечер страницата се отвори со порака дека, поради недостигот на средства, морала да биде затворена. Но, проверка на интернет страницата покажа дека сите нејзини податоци се уште се ажурираат, и дека системот за тревога работи нормално, но администраторот на интернет страницата единствено ја пренасочил кон порака дека страницата е затворена.

По силните критики во јавноста, страницата денес беше повторно отворена.

Во Јужна Дакота, пак, полицијата од Репид Сити поставила пречки на патот што води кон планината Рашмор, еден од најпознатите споменици во САД каде на страна на планината се издлабени ликовите на претседателите Вашингтон, Џеферсон, Линколн и Теодор Рузвелт.

Пречките биле поставени да ги спречат туристите да застанат на некое од паркиралиштата покрај патот од каде може да се погледне легендарниот споменик.

– Споменикот е затворен и тоа значи дека не ни дозволуваат ниту да застанеме и да го фотографираме. Може само да се помине покрај него со автомобил, изјави Хилда Вернет, која дошла да ја посети планината Рашмор.

Пречките биле поставени на 1 октомври, но набргу биле покриени од силен снег. Се очекува да се види дали по снеговите полицијата повторно ќе се обиде да ги огради паркинзите покрај патот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
ФОКУС

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

ВЕСТИ October 3, 2025

Европратеници од четири политички групи во Европскиот парламент најавија дека ќе го поддржат претстојното гласање…

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.