На транссексуалец му беше помогнато да умре од страна на лекарите во Белгија, по серијата неуспешни операции за промена на полот, јавува Би-Би-Си.
Натан Верелст, роден како жена, побара помош за да го прекине својот живот врз основа на психичко страдање. Тој почина во бриселска болница во понеделникот.
Двајца лекари заклучиле дека тој немал привремена депресија. Неговиот случај доби скудна медиумска покриеност.
Белгија ја легализирашета евтаназија во 2002 година. Имало 52 случаи на евтаназија на психолошки основи минатата година.
“Тој почина во мир”, изјави докторот Вим Дистелманс за белгискиот весник, Het Laatste Nieuws.
Натан Верелст, 44, е роден во Ненси во семејство на три момчиња. Весникот, во кој се вели дека било разговарано со него во пресрет на неговата смрт, извести дека тој бил отфрлен од неговите родители кои сакаа уште еден син.
Тој имаше три операции за промена на полот помеѓу 2009 и 2012 година.