Белград и Приштина постигнале договор за северно Косово, но од ЕУ побарале малку време за да најдат начин како да го објават тоа во јавноста, пишува денеска српски „Блиц“.
Со ова решение најверојатно нема да бидат задоволни ниту Србите, ниту Албанците, пишува весникот повикувајќи се на извори од ЕУ.
Премиерот Дачиќ, по средбата во Брисел изјави дека никој не врши притисок врз Србија и дека никаков договор не бил постигнат.
Високата преставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, синоќа пристигна во Приштина за да ги продолжи разговорите со косовските власти, за нормализирање на одностите со Белград.