Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград: Опозицијата во Србија скептична за фер услови за евентуални избори на пролет

0
By Zoran Ivanov on January 28, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По вчерашната најава на српскиот претседател Александар Вучиќ за одржување на предвремени парламентарни паралелно со претседателските до 3. април 2022 година и формирање на влада со ограничен рок до тогаш, српската опозиција со реакција дека нивниот бојкот сепак успеал.

Тоа беше првиот чекор во нашиот план за промена на овој режим. Честитки до граѓаните за тој успех. Ние продолжуваме со нашиот план, со нашите партнери ќе дефинираме јасни барања за фер и чесни избори и со нив ќе излеземе во јавноста кога ќе ги завршиме договорите со сите противници на режимот на Вучиќ, изјави претседателот на Партијата за слобода и правда – ССП Драган Ѓилас.

Во соопштението од ССП се наведува дека овие барања ќе бидат основа за преговори под покровителство на ЕУ, кои ќе обезбедат слободен јавен сервис – РТС и гласање без уцени и притисоци.

Што и да каже Вучиќ, тој веќе не може да крие дека Србија е во политичка криза, дека здравјето на луѓето е загрозено и дека се соочуваме со економски колапс, порачаа од ССП.

Членот на Главниот одбор на Демократскат странка (ДС), Срѓан Миливојевиќ ја оцени како бесмислена идејата „по едни нелегитимни избори, Србија да добије други нелегитимни избори“.

Тој изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, мора да биде свесен „дека постојните изборни услови можат да доведат само до нов бојкот“.

Единствениот начин за излез од длабоката политичка криза во која Вучиќ ја вовлече Србија е формирање преодна влада, моментална оставка на овој нелегитимен парламент и започнување на механизми за Србија да добие фер и чесни избори на кои ќе се избере стабилна влада, кажа Миливојевиќ, кој додаде дека Вучиќ мора да стане свесен за фактот дека постојните изборни услови можат да доведат само до бојкот.

И потпретседателот на Народната партија (НС), Мирослав Алексиќ, ја оцени најавата на Вучиќ за предвремените парламентарни избори, најдоцна во април 2022 година, како „недвосмислена потврда дека бојкотот успеал“.

Во изјава за агенцијата Бета, Алексиќ кажа дека успехот на бојкотот на неодамнешните избори досега е потврден неколку пати, но дека сега таа потврда стигнала и од Вучиќ.

Според него, Вучиќ е свесен дека не може да формира власт без опозиција, додавајќи дека Србија е единствената држава во Европа без опозиција во Парламентот.

Алексиќ порача дека за опозицијата е најважно да се избори за услови за излегување на изборите, наведувајќи дека очекуваат помош од Европска Унија.

Вучиќ може да распише избори и за три месеци, но ако условите не бидат фер, тоа нема ништо да промени, оцени Алексиќ.

 

србија избори опозиција реакции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.