Беличанец ќе биде погребан денска во 17 часот во Прилеп
Роберто Беличанец, кој почина ненадејно синоќа од срцев удар, ќе биде погребан денеска во 17 часот на гробиштата во Прилеп.
Беличанец беше директор на Центарот за развој на медиуми, како и основач на движењето Граѓани за европска Македонија (ГЕМ). Беше познат како жесток критичар на сите негативности на општеството и на политиката, застанувајќи пркосно во одбрана на стандардите, на она што се нарекува почит кон секого. Роден е на 1 февруари 1972 година во Прилеп.
„Економски силна Македонија е исто толку важна колку што е важно членството во НАТО и ЕУ! Поважна е… И сега? Како? Уште 7 години ќе се занимаваме со вуду економија и вуду политика?“, гласи последниот негов пост на фејсбук-профилот.