Белорусија утрово објави список на „непријателски земји“.
Владата дала зелено светло за списокот кој во форма на Резолуција на Министерскиот Совет е објавен денеска на Националниот правен интернет портал , јавува новинската агенција Интерфакс, пренесува Танјуг.
На листата се 8 земји членки на ЕУ и уште 12 држави – САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Северна Македонија, принципатот Лихтенштајн , Црна Гора и Швајцарија.
Во Резолуцијата стои дека одлуката стапува на сила од моментот на објавување, што значи од утрово.