Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бериша: Се отвора ново поглавје меѓу Албанците и Србите

0
By Нова ТВ on April 20, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанската влада го поздрави постигнатиот договор меѓу Приштина и Белград, оценувајќи дека овој историски договор претставува величествено остварување, многу значајно за Косово и за Србија во нормализирање на односите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Тирана.

„Постигнатиот договор отвора ново поглавје во односите меѓу Албанците и Србите во нашиот регион, во нивните напори за една заедничка европска иднина. Во оваа прилика, во името на албанската влада, ја поздравувам одлучноста и визијата на двете страни, на двајцата премиери Тачи и Дачиќ, за неговото постигнување. Ја поздравувам баронесата Ештон за трпеливото и успешно посредништво, како и подршката на нашиот голем пријател, САД, кои сторија се за историското постигнување за Косово, Србија и нашиот регион“, изјави премиерот Сали Бериша.

Поздравувајќи го потпишувањето на договорот, шефот на албанската држава Бујар Нишани, оцени дека „ова е миг кога нашите деца сега се чувствуваат побезбедни“.

„Верувам дека само духот на дијалогот, разбирањето и соработката ќе послужи во реализацијата на договорот, нормализирање на односите и решавање на проблемите меѓу Косово и Србија, изградба на добри добрососедски односи, стабилност на Косово и регионот и заедничка евроатланска иднина за сите земји на западен Балкан“, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

Лидерот на опозициските социјалисти, Еди Рама, постигнувањето на договорот го искоментира на Твитер, наведувајќи дека се чувствува горд за Косово и за постигнатиот договор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.