Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлин: Писателката Арундати рој се повлече од берлинале оти вендерс рече дека филмаџиите мора да се држат подалеку од политиката

0
By Zoran Ivanov on February 15, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 15, 2026 19:22

Писателката Арундати Рој се повлече Берлинале откако претседалот на жирито, германскиот режисер Вим Вендерс, изјави дека филмаџиите мора да се држат подалеку од политиката. Фестивалот вчера започна со потрес, откако жирито за Злтната мечка одговараше на прашања за конфликтот во Газа. На прашањето дали филмовите можат да влијаат врз политички промени, Вендерс рече дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.

Тој додаде дека филмаџиите „мора да останат надвор од политиката, бидејќи ако правиме филмови кои се посветено политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мора да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите“.

Во денешната изјава со која го објави своето повлекување, Рој, која планирала да присуствува на проекција на нејзинин неодамна реставриран филм од 1989, ги нарече коментарите „несовесни“ и изрази страв дека тие стигнале до „милиони луѓе низ светот“. Индијската писателка, добитничка на Букеровата награда, изјави:

Да ги слушнам како велат дека уметноста не треба да биде политичка е шокантно. Тоа е начин да се замолчи разговорот за злосторство против човештвото додека тоа се одвива пред нашите очи во реално време – кога уметниците, писателите и филмаџиите треба да прават сè што е во нивна моќ за да го запрат. Таа додаде: „Иако сум длабоко вознемирена од ставовите што ги зазедоа германската влада и разни германски културни институции во однос на Палестина, секогаш сум добивала политичка солидарност кога сум зборувала со германската публика за моите ставови за геноцидот во Газа“.

Вендерс е актуелен претседател на жирито на годинашното Берлинале, во кое членуваат американскиот режисер и продуцент Реиналдо Маркус Грин, јапонската режисерка Хикари, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам, јужнокорејската актерка Бае Дона, индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур и Ева Пушчињска – продуцентка на оскаровскиот филм „Зона на интерес“ кој го прикажува идиличниот семеен живот на командант на Аушвиц и неговото семејство.

Жирито беше прашано за поддршката што германската влада, која финансира голем дел од фестивалот, ѝ ја дава на Израел. Пушчињска го нарече прашањето „комплицирано“ и „малку неправедно“.

Секако, се обидуваме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – за да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за нивната одлука дали ќе го поддржат Израел или Палестина, рече таа. Постојат многу други војни каде што се врши геноцид и за кои не зборуваме.

Рој нагласи дека верува оти „она што се случи во Газа, и што продолжува да се случува, е геноцид врз палестинскиот народ од државата Израел“. Таа додаде: Тоа е поддржано и финансирано од владите на САД и Германија, како и од неколку други земји во Европа, што ги прави соучесници во злосторството. Ако најголемите филмаџии и уметници на нашето време не можат да станат и да го кажат тоа, треба да знаат дека историјата ќе им суди. Шокирана сум и згрозена.

арундати б ерлинале вендерс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
ФОКУС
February 24, 2026

ЦИВИЛ – Центар за слобода /  Меѓународна конференција: Четири години агресија — Украина, отпорот и одговорноста на светот

ВЕСТИ February 24, 2026

Денеска, на 24 февруари 2026 година, точно четири години од почетокот на целосната руска воена…

Артан Груби го напушти Идризово – судење ќе чека притворен дома

February 23, 2026

ЕУ го замрзна трговскиот договор со САД поради новите царини на Трамп

February 23, 2026

Утре, 24-ти април, 4 години со Украина – ЦИВИЛ домаќин на меѓународен онлајн настан „Четири години агресија: Отпорот на Украина и

February 23, 2026
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.