Како што светот викендов ја прослави 25-годишнината од падот на бедемот познат како „Берлинскиот ѕид“, музиката која доаѓа на памет, која ечеше во објектите на Источна и Западна Германија, е траш панкот. Но во тогашните движења има нешто повеќе од панкери и кожа.
Вака започнува музичката приказна која ја нуди „Интернешнл Бизнис Тајмс“ која доловува хронолошки развој од поделеноста на Германија. Се работи за некои од највпечатливите песни од таа ера.
1. „Neurotic Reaction“ – Оваа песна на Die Anderen е објавена во 1968 година, седум години по подигањето на Берлинскиот, а пред панкот и металот да бидат во фокусот. Но фронтменот Германец Герд Милер и италијанскиот гитарист Енрико Ломбарди комбинираат мелодија со која се демонстрира моќта на музичарите кои ја отелотворуваат борбата на ерата од Берлинскиот ѕид во Германија. Бендот подоцна се насочи кон потежок правец на музика – Апокалипса , име под кое Colossus Records го издаде нивниот прв албум, „Kannibal Komix“, како психоделичен одговор на групата за хаосот во Германија во тоа време.
2. „Berlin“ – Глобалната политика може да се опише како луда опера, а истото го може и класичниот хит на Лу Рид насловен „Berlin“. Опишува романтична средба во поделената Германија. „In Berlin, by the wall, You were five foot ten inches tall, It was very nice, Candlelight and Dubonnet on ice“. Списанието Ролинг Стоунс го рангира албумот како 344 најдобар албум на сите времиња во 2012 година.
3.„The Passenger“ – Според наводите Иги Поп ја пишал оваа песна во Берлин во 1977 година, кога ѕидот веќе долго време влијаел на животот на Германците. Иако тој не ги споменува ниту Берлин ниту ѕидот, текстот се врти околу оваа тема. Иги Поп живеел со Дејвид Боуви во Кројцберг, Западен Берлин во доцните 70′, надевајќи се дека ќе побегне од маглата која ги придружувала во државата, и токму во оваа фаза настана „The Passenger“.
4.„Holiday in the Sun“- Тематиката на Секс пистолс за Берлинскиот ѕид е тешка да се сфати, особено за луѓето кои не го користеле херионот од Бирмингем. Но песната е една од најпрепознатливите наследства за импактот на Берлинскиот ѕид во поп културата.

