Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ја доби жалбата против неговата пресуда за плаќање за секс со малолетна проститутка, јавува Би-Би-Си.
Неговата затворска казна од седум години во т.н случај „Руби“ судиите во Милано ја отфрлија.
Минатата година Судот утврди дека тој не платил за секс со 17-годишната танчерка Карима Ел – Махруд во ноќен клуб.
Карима Ел-Махруд, наречена Руби
Берлускони веќе отслужува казна преку правење општокорисни работи откако беше осуден за даночно затајување.
Тоа беше посебен случај за неговата бизнис империја Медиасет и за тоа Берлускони (77) еднаш неделно помагаше во дом за лица со Алцхајмерова болест.
Тој почна да служи за заедницата од мај и досега само тоа е конечната пресуда против него, и покрај разни други судски случаи.
Во случај „Руби“ и двете страни негираа дека имале секс.
Берлускони, кој е милијардерски магнат и искусен политичар, беше, исто така, ослободен од обвинение дека ги злоупотребил своите премиерски овластувања и вршел притисок врз полицијата да ја ослободи г-ѓа Ел-Махруд, кога таа беше во притвор.
Во друг одделен случај тој е обвинет и дека подмитил сенатор.
За Берлускони останува забраната доживотно да не може да се бави со политка.