Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Има доволно пари за петтиот пакет економски мерки

0
By Нова ТВ on March 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претпријатијата и во наредниот период можат да очекуваат помош од државата, а 100-те милиони евра што треба да стигнат се токму за поволни кредити во приватниот сектор што беа спомнати во четвртиот пакет на економски мерки за справување со ковид кризата, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Владата има предвидено 50 милиони евра во Буџетот за ковид програмата и овие средства се повеќе од доволни за да се реализира петтиот пакет мерки во делот на платите за февруари и март, но и за другите инструменти што се преку Развојната банка како што се поволните бескаматни кредити со 12-месечен грејс период, рече Бесими во интервју за ТВ Сител и додаде дека од вкупно 160-те милиони евра за петитот пакет, 50 милиони се буџетски средства што веќе се предвидени.

Тој нагласи дека во Буџетот има средства и тој е ликвиден.

-Овој период е добро планиран, а добра е и реализацијата во делот на приходите чија реализација е 99 отсто. Ликвидноста на Буџетот апсолутно не е доведена во прашање и сега за сега е во добра кондиција и во однос на плати и во однос на стопанството. Нема ниту потреба, ниту место за шпекулации зашто фактите зборуваат дека даночните приходи од јануари до 15 март се за 4,1 отсто поголеми отколку во истиот период лани, вкупните приходи за 3,3 отсто, а зголемување имаат и приходите од придонеси и ДДВ и се поголеми од периодот кога немаше криза, појасни Бесими.

Сепак, нагласи, при креирањето на Буџетот имавме две сценарија, едното е базично и оптимистичко и предвидува раст од 4,1 отсто, а другото е песимистичко доколку се влоши состојбата со пандемијата и тоа предвидува да има раст од 2,1 отсто.

-Сега за сега бројките се добри и покажува дека ќе се постигне базичното сценарио, но тоа многу ќе зависи од тоа како во иднина ќе се развие состојбата со Ковид – 19. Ребаланс секако се планира кон средина на годинава и со него ќе се адаптира и приходната и расходната страна во зависност од импактот што ќе го има здравствената криза на економијата и какви ќе бидат потребите за нови мерки, потенцира Бесими.

Најави дека од ЕИБ и во наредниот период може да се очекува поддршка за реализација на идните развојни инфраструктурни проекти, но и за стопанството и посочи дека тоа е договорено на неодамнешните средбите што ги имаше во Луксембург со раководството на Европската инвестициска банка заедно со премиерот Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.