„Oд суштинска важност за процесот на европска интеграција e да се надмине во најкус можен рок прекинот во работата на Комисијата за расчистување на настаните од 24-ти декември, кој резултираше по оставката на претседателот на Комисијата, бидејќи истата ќе биде предмет на оценување од страна на Европската комисија во есенскиот Извештај за напредокот на Република Македонија“, вели вицепремиерот Фатмир Бесими, во соопштението испратено до медиумите.
Според него, формирањето на Анкетна комисија за настаните од 24-ти декември, којашто ќе ги разгледа околностите кои доведоа до тие настани и ќе подготви објективен извештај е еден од основните аспекти на политичкиот договор од 1-ви март кој се постигна со посредство на Европската унија.
Потсетува декла составот на Комисијата беше утврден со консензус меѓу засегнатите политички фактори и изминатиот период Комисијата работеше постојано со цел во најкус можен рок да се подготви Извештајот.