Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими – Светска банка: Поздравен Планот за забрзан економски раст

0
By НОВА ТВ on October 20, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Планот за забрзан економски раст чија цел е зголемување на економскиот раст, значително зголемување на јавните инвестиции, но и силно поттикнување на приватните инвестиции на среден рок, биле во фокусот на обраќањето на министерот за финансии Фатмир Бесими пред високи претставници на Светска банка.

Министерството за финансии денеска соопшти дека состанокот се одржал во рамки на Есенските средби на ММФ и СБ и дека официјалните високи претставници на Светска банка го поздравиле Планот за забрзан економски раст и позитивните оценки во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата во изминатата година. Планот за забрзан економски раст се очекува да биде усвоен следниот период.

– Планот за забрзан економски раст ќе има клучна улога во креирање на нови работни места и поттикнување на растот на економијата во Северна Македонија. Крајните цели се фокусирани на три пунктови: Зголемени инвестиции, преку овозможување поефективно користење на јавните инвестиции во износ од 4 милијарди евра во наредните пет години, со повеќекратно мобилизирање на дополнителни инвестиции од страна на приватниот сектор; Забрзан раст– удвојување на стапките на економски раст на среден рок на 5 проценти годишни стапки на раст, како и Обезбедување фискална консолидација – да го потпомогне намалувањето на јавниот долг под 60 проценти од БДП на земјата на среден рок, потенцирал Бесими.

Планот предвидува и воспоставување на финансиски инструменти чија цел, како што посочил Бесими, е да се зголеми економскиот раст, не само преку инвестиции во јавниот сектор, туку и преку идентификување на различни начини за зголемување и охрабрување на приватниот капитал.

– Во воспоставувањето на овие инструменти е предвидено да се добие поддршка и од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), организација во рамки на Групацијата на Светска банка, велат од Министерството за финансии.

На состанокот се разговарало и за интегрираниот информациски систем за управување со финансии (IFMIS) на чие воспоставување, како што соопшти МФ, активно се работи. Тема на разговорот биле и политиките за фискална консолидација, унапредувањето на фискалната децентрализација која се очекува да придонесе за постабилно финансирање и развој на општините, како и реформата на здравствениот сектор која се спроведува со поддршка на СБ.

Бесими информирал и за воспоставениот механизам за подобрување на имплементацијата на капиталните расходи (CAPEF), којшто, како што истакнал, веќе дава добри резултати во делот на реализација на капиталните инвестиции.

– Од почетокот на годинава до 15 октомври реализацијата на капиталните инвестиции изнесува 13,9 милијарди денари и е за 55,7 проценти повисока од истиот период лани, информира МФ.

На состанокот, што се одржал онлајн, присуствувале потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде, регионалната директорка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер, извршниот директор во Светска банка, Кун Давидсе и директорот на канцеларијата на Светска банка за С. Македонија, Масимилијано Паолучи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.