Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Учеството на стопанските комори има важна улога во процесот на унапредување на економските односи меѓу двете држави

0
By Ivana on February 1, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Зајакнување на економската соработка, нови странски инвестиции во РС Македонија и Република Бугарија, но и интензивирање на изградбата на патниот и железничкиот коридор помеѓу двете земји што ќе придонесе кон зголемување на можноста за привлекување инвестиции“, ова беа заклучоците на средбата на владините претставници и стопанските комори од македонската и бугарската страна.

Средбата беше одржана во рамки на првиот состанок на новоформираната работна група со Бугарија за економија, трговија и иновации, чиј организатор е Министерство за финансии.

Копретседавачи на овој настан беа министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за инвестиции и раст на Р Бугарија, Даниел Лорер. На настанот се обрати и вицепремиерот Фатмир Битиќи.

– Учеството на стопанските комори има важна улога во процесот на унапредување на економските односи меѓу двете држави. Преку конкретни програми за соработка ќе се работи на подобрување на деловната клима со цел да се зголеми обемот на инвестициите, а идеите и предлозите од бизнис заедницата имаат додадена вредност на веќе утврдените приоритетни области и програми,  како и на оние кои ќе произлезат од нивна страна, нагласи Бесими.

Министерот Лорер потенцира дека ќе се работи на подобрување на бизнис климата, како и подобрување на инвестициите во иновативните компании и други финансиски инструменти. Воедно Лорер рече дека идејата на ваквата средба е да се слушне директно од бизнис заедницата кои се изгледите за инвестиции.

Претставниците на стопанските комори покажаа јасен интерес за зголемување на економската соработка и зголемување на инвестициите од земјите кои ги претставуваат во РС Македонија и Р Бугарија.

На средбата од македонска страна присуствуваа Антони Пешев, од Стопанска комора на Македонија, претседателот на ССК, Трајан Ангеловски, претседателот на стопанска комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, претседателот на АмЧам, Драган Давитков, директорот на Делегацијата на германско стопанство, Патрик Мартенс, претседателката на МАСИТ, Анета Антова Пешева, и  претседателот на Mакедонско-Бугарска стопанска комора Кирил Лазаров.

Од бугарската страна беа присутни, АмЧам – Бугарија, од Асоцијацијата за иновации, од Бугарската асоцијација за инфоматички технологии, од Бугарската индустриска асоцијација, Бугарско-Македонската стопанска комора, Бугарско-Шпанската стопанска комора, Бугарско-Македонски бизнис клуб, и Француско-Бугарската стопанска комора.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.