Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Во 2022 со Буџетот капиталните инвестиции повисоки од дефицитот и историски на највисоко ниво

0
By Mirjana on November 2, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продолжување на грижата за заштита на здравјето на населението, многу повеќе капитални инвестиции, редовна и навремена исплата на плати, пензии и социјални надоместоци, при истовремена фискална консолидација, се главните цели на Предлог-буџетот за 2022 година, што Владата го усвои на седница на 30 октомври, а денеска на прес-конференција го претстави министерот за финансии Фатмир Бесими. Реализацијата на Буџетот за 2022 година ќе овозможи поддршка на економскиот раст проектиран на 4,6 %.

Вкупните приходи на Предлог-Буџетот за 2022 година се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани на 272,4 милијарди денари, што се за 1,4 % повисоки oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3% од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на дефицитот во 2021 година.

Притоа, капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит и изнесуваат 37,8 милијарди денари, што е за околу 27% повеќе во однос на 2021 година. Со ова, како што истакна министерот, се постигнува златното правило во јавните финансии.

-Главна карактеристика на предлог-буџетот за 2022 година е дека дефицитот единствено ќе се користи за поддршка на позначителниот дел од капиталните инвестиции. Во 2022 година според сите карактеристики ќе имаме “развоен буџет”. Развојната компонента на Буџетот се гледа преку зголемените средства за капитални расходи за околу 27% во однос на 2021 година или 8 милијарди денари повеќе се предвидени во 2022 година за капитални проекти. Капиталните расходи следната година се на историски највисоко ниво од  14 %  во вкупните расходи, истакна министерот.

Одлика на овој Буџет е дека парите на граѓаните ќе се искористат таму каде што даваат најголеми ефекти во остварување на целите за повисок квалитет на животот.

Средствата ќе бидат наменети  за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството.

-За да се одговори на се уште присутните предизвици од пандемијата од Ковид 19, предвидени се повеќе средства во здравствениот сектор и се планирани на ниво од 7,4 милијарди денари. Значителен износ се однесува на набавка на вакцини против КОВИД 19; реконструкција на ЈЗУ во износ од околу 260 милиони денари; медицинска опрема, реновирање и опремување на вакцинални пунктови, како и други програми, рече Бесими.

Подобра ефикасност и ефективност во употребата на јавните пари ќе се постигне преку зајакнат мониторинг во рамки на механизмот за повисока реализација на капиталните расходи (CAPEF), воведување повеќе индикатори за мерење на успешноста на буџетските корисници и воведување Интегриран информациски систем за управување со финансии и Интегриран даночен информациски систем.

Потврда за тоа дека фокусот ќе биде на капиталните инвестиции е и кратењето на тековните расходи до ниво од 86 % од вкупните расходи.

Со Предлог буџетот тековните расходи се намалени за 4,3 милијарди денари во однос на 2021 година или за 2 % пониски, односно на ниво од 234,6 милијарди денари. При тоа кај расходите за стоки и услуги кои се проектирани на ниво од 20,6 милијарди денари, има намалување за околу 6% или за 1,3 милијарди денари, а како резултат на фискалната консолидација и сведување на минимум на оперативните трошења преку Буџетот.

Министерот порача дека граѓаните можат да бидат сигурни дека во буџетот за 2022 година има ликвидност и дека ќе има редовна исплата на плати, пензии и социјални надоместоци.

Останува определбата за оптимизација на администрацијата преку контрола на новите вработувања, како и подобрување на квалитетот на живот на вработените и зголемување на мотивот за професионално, квалитетно и целосно исполнување на работните задачи.

Социјалните трансфери се проектирани во износ од 124,5 милијарди денари, при што за исплата на пензии наменети се 64,4 милијарди денари, за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите слоеви  11 милијарди денари, за исплата на паричен надоместок во случај на невработеност 1,4 милијарди денари, како и за активни политики и мерки за вработување од 1,8 милијарда денари.

Продолжува поддршката на земјоделскиот сектор преку исплата на субвенции и средства од ИПАРД програмата, потоа поддршката на приватниот сектор, активните политики и мерки за вработување, а повеќе пари ќе имаат и општините преку реформата за унапредување на фискалната децентрализација.

Во 2022 година се очекува забрзан раст, кој е проектиран на 4,6 %, при зголемување на бруто инвестициите за 8,5 % на реална основа. Финалната потрошувачка е проектирана да се зголеми за 3,1 %, извозот за 8,3 %, а се очекува и раст на бројот на вработени за 3,1 %.

Исто така, се очекува стабилизација и на стапката на инфлација која е проектирана на 2,4% во 2022 година, при што ценовните притисоци како резултат на неизвесноста поврзана со цените на енергијата и на дел од примарните прозводи на светските берзи се очекува да се релаксираат од вториот квартал од годината.

„Во 2022 година остануваме посветени на остварување на приоритетите за забрзан економски раст, со посебен фокус на здравството, фискална консолидација, на тековните реформи, судство и евроитнеграцијата, зелената агенда, дигитализацијата, иновациите и технолошкиот развој, развојот на човечки капитал, инвестициите во физичката инфраструктура, социјалната кохезија, зајакнувањето на институционалните капацитети“, истакна Бесими.

Буџетот е стратешки документ, во кој Владата финансиски ги пресликува приоритетите во контекст на остварување на програмата во интерес на граѓаните. Поткрепа на остварување на овие цели се и донесените стратешки документи со среднорочна рамка од 2022 до 2026 година, на кои се базира конципирирањето и планирањето на овој буџет. Тие се  Фискалната стратегија, Стратегијата за јавен долг, Планот за фискална одржливост и економски раст, Планот за забрзан економски раст, Планот за јавни инвестиции, Програмата за економски реформи и др. Во насока на инклузивно креирање на политиките, ги вградивме и препораките за политиките и реформите од меѓународните и националните конференции, како и дебатите и настаните на Skopje Economic Finance Forum (SEFF).

 

 

 

 

 

 

 

 

Бесими МФ ПРЕДЛОГ БУЏЕТ ЗА 2022
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.