Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими vs Милошоски:Без емоции, пасивност и дневно политички

0
By Нова ТВ on June 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за евро-интеграции Фатмир Бесими експресно му одговори на екс-шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, кој синоќа побара оставка од Бесими, со оглед на неговите ставови дека македонските институции се виновни што Македонија не е воопшто на дневен ред на Самитот на ЕУ.

Бесими иако експлицитно не му се обраќа токму на Милошоски, неговиот кабинет за НОВА изјави дека овој став треба да се чита и како одговор кон Милошоски:

-Процесот на зачленување на Република Македонија во евроатлантските организации е стратешки интерес на државата која ја има подршката од мнозинството граѓани на Република Македонија.

Ние, сите заедно како општество мора да изградиме волја и да вложиме напори за целосно да ја интегрираме нашата држава во ЕУ и НАТО. Ние имаме обврска на сите области значајни за овој процес да покажеме напредок, и за тоа институциите и партиите (без разлика дали се владини или опозициски) треба да преземеме одговорност и сопственост над процесот и потребните реформи.

Во таа смисла, прашањето за името е исклучително важно, и на него мора да покажеме посветеност и напредок. Наша обврска е паралелно, напорно да работиме и на сите останати потребни реформи и да ги спроведеме што побрзо и поквалитетно, за пристапниот период да го скратиме што е можно повеќе.

На крајот, по овие прашања не смееме да си дозволиме да се однесуваме пасивно, емотивно, или дневно политички, зашто тие претставуваат стратешки приоритет на сите граѓани на Република Македонија, вели Бесими на ФБ.

Имено, синоќа поранешниот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски и на 24 вести ТВ порача дека “вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими треба да размисли лично да преземе одговорност и да си поднесе оставка доколку смета дека не може да го координира процесот на приближување на Македонија кон ЕУ”.

-Ако некоја институција потфрлила во процесот на евроинтеграции, а вицепремиерот Бесими е одговорен за тој процес, тогаш тој треба лично да си преземе одговорност, зошто не реагирал навреме и можеби да размисли да си поднесе оставка ако смета дека не може да го координира тој процес.

Милошоски образложи дека Бесими има обврска навреме да алармира доколку некоја институција потфрла во испорачувањето на одредени резултати во реформите или во спротивно неговите оценки се само паушални:

-Доколку нема таква институција, тогаш оценувам дека тоа може да биде само една паушална изјава се со цел тој како човек, како политичар можеби да се допадне помалку или повеќе на одредена публика – домашна или меѓународна, изјави Милошоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.