Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесмртност без супстанца

0
By Marija Todorovska on December 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе направат Македонец што ќе го надживее Господ, и во метафизичка смисла и во политичка смисла…

Бранко Тричковски

Утрово зборев со Фуко.
Потписот над овој текст е претенциозен, но го оставив за да ги нервирам оние во чија заматена свест може да се продре само со нервирање или оперирање.
Еве што им порача на Македонците:
“Тие не можат да поднесат (ги разбирам, по малку) да им се рече: Дускурсот не е живот, неговото време не е ваше време, во него нема да се помирите со смртта, можно е дека вие сте го убиле Господ од тежината на она што сте го рекле; но немојте да мислите дека од се што велите ќе направите човек што ќе живее подолго од него.”
Јас му реков: “Да, Мишел, нивниот дискурс е дискурс на вмро. И мене ми личи дека во него се влече тоа верување дека ако се доволно упорни во глупоста, ќе направат Македонец што ќе го надживее Господ, и во метафизичка смисла и во политичка смисла, демек оние што решија да не ги е*aт, а го дрмаат светот.”
“Сосема ја разбирам твојата мачнината кога поаставуваш вакви прашања. Нема сомневање дека на Македонците им било доста тешко да признаат дека нивната историја, нивната економија, нивната општествена пракса, јазикот што го зборуваат, митологијата на нивните предци, дури и бајките што им ги раскажувале во детството, подлежат на правила кои не се сосема дадени во нивната свест, тие воопшто не сакаат да бидат лишени од тој дискурс во кој би сакале да го покажат веднаш и без дистанца, тоа што го мислат, веруваат или смислуваат, тие попрво ќе одречат дека дискурсот е една сложена и диференцирана пракса подложна на правила и трансформации што можат да се анализираат, отколку да се согласат да се лишат од таа блага и толку утешна извесност дека можат да го променат ако не светот и животот, тогаш, барем нивната “смисла” со свежината само на еден збор што би потекнал од нив самите и кој секогаш би бил најблиску до изворот.
Тие испуштиле толку нешта во својот говор што веќе не сакаат да го испуштата и тоа што го велат, тоа делче на дискурсот- усмен или писмен, сеедно- чие кревко и неизвесно постоење треба да го носи нивниот живот што подолго време и што подалеку.”
“Да, Мишел, но тоа што го велат, зборуваат и пишуваат, како последна сопственост на нацијата, не е нешто што ќе го носи нивниот живот долго време и што подалеку, бидејки на општо ниво, тоа се чисти глупости завиткани во хистерија, земи го само безумното откачување од Европа, или граѓанската војна со знамиња, близината на времето кога стаповите ќе бидат заменети со пушки, туку ќе ги однесе во тоа што ти го викаш “бесмртност без супстанца”. Макар што јас повеќе верувам дека тие нема да се соочат со никаква бесмртност, туку со чиста смрт преку губитокот на супстанца, прво останаа без дух и култура, а сега се на пат да го загубат и телото?!”
“Па, може и така да се каже. Многу ми е мака, Тричко, понеже, јас како филозоф, сум формиран на Цепенков и на другиге основоположници на македонскиот дискурс!”
Од Фејсбук ѕидот на авторот 
Бранко Тричковски ВМРО дискурс Мишел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.