Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без поддршка од државата вгодина ќе се остане без пченица и нема каде да се продаваат јаболката и грозјето – велат земјоделците

0
By Mirjana on April 29, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Производителите на пченица бараат поддршка од државата во спротивно вгодина ќе се останело без лебно жито. Ова го изјави Мемет Синани од Националната федерација на фармери , кој нагласи дека земјоделието е во криза во континуитет што поради глобалното затоплување и климатските промени чие влијание посебно се евидентирало последните години, а што од Руската воена агресија во Украина.

– Најголем проблем имаме со нафтата и со ѓубривата. Има донесено некои мерки но ефектите од нив ќе ги согледаме во иднина. Бараме  да се врши откуп за државните стокови резерви за да ни се помогне. Според пресметките во моментов, производителите на пченица, еден килограм пченица од орање на нивите  до носење во млиновите ги чини од 22-23 денари. Ако немаме поддршка од државата вгодина нема да имаме пченица, вели Мемет Синани од Националната федерација на фармери.   

Земјоделците се исплашени зашто во континуитет влегуваме од криза во криза, од климатски промени, преку пандемија и енергетска криза до војна во Украина. Жално е што цената на репроматеријалите премногу варира од ден на ден а веќе некои традиционални пазари во регионот се затвораат, вели Васка Мојсовска претседател на Националната федерација на фармери која денеска го одржува своето годишно собрание. Средствата од интервентниот фонд и мерките што ги донесе Владата помагаат во еден дел но за аграрот треба да се направи уште повеќе и сите заедно да се усогласиме околу тоа дека храната ни е број 1.

– Во моментов сме исплашени каде ќе ги продаваме грозјето и јаболката, бидејќи најмногу ги продававме во Русија и во Украина. Сега тој пазар ни се затвори. Затоа ни треба поддршка за барање на алтернативни пазари.Од друга страна покрај покачувањето на репроматеријалите, ќе се покачи и работната рака на надничарите кои и ги нема. Ние работиме огромни земјоделски површини и како семејство не можеме да ги сработиме, и затоа земаме сезонци кои покрај тоа што ги нема сега и ќе бидат поскапи, што сето заедно влијае на цената на финалниот продукт, вели Мојсовска.

Потребна ни е национална стратегија за производство на храна за наредните 20-30 години, без тоа не можеме ни младите да ги задржиме тука ако знаат дека производството  на храна нема никаква организација, заклучува претседателката на Националната федерација на фармери.

(М.Т.)

Национална федерација на фармери потребна ни е поддршка за производството и пласманот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Шесорица мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

ВЕСТИ November 7, 2025

Шест мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во…

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.